БАНАНА СПЛИТ РОЛАТ…Оригинален и најдобар рецепт…Оние што го пробале, знаат за неговиот неодолив вкус…

Најубавиот десерт со вкус на сладолед, за БАНАНА СПЛИТ ролат. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

6 јајца
2 лажици врела вода
150 г шеќер во прав
60 г брашно
50 г мелени ореви
1 ванила шеќер

ЗА ФИЛ:

400 мл млеко
1 пудинг од ванила
200 г путер
150 г шеќер во прав
2-3 банани
3-4 лажици чоколадни трошки

ЗА ДЕКОРАЦИЈА:

2 шлаг креми
2 лажици еурокрем
3 лажици мелени ореви

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги жолчките со 75 г шеќер во прав. Додајте 2 лажици врела вода и матете додека смесата да згусне и побели како крем.

Белките изматете ги во цврст снег, додајте го преостанатиот шеќер и ванилин шеќерот.

Во изматените жолчки постепено додајте го брашното помешано со мелени ореви. Постепено додајте го и снегот од белки и внимателно со лажица/шпатула промешајте го тестото.

Печете на плех (30х40 см) обложен со хартија, во загреана рерна на 180 степени 20 минути. Испечената кора веднаш превртете ја на влажна крпа и свиткајте ја во ролат.

За фил: сварете пудинг во 400 мл млеко и оставете да излади на собна температура. Мешајте повремено со лажица или покријте со фолија за да не се создаде коричка.

Омекнатиот путер изматете го со шеќер во прав, постепено соединете го со пудингот. Во филот додајте чоколадни трошки и промешајте, па оставете го 30 минути во фрижидер.

Отворете ја кората и врз цела површина распоредете го филот. Бананите излупете ги, пресечете ги краевите и наредете ги една до друга по должина.

Потоа внимателно свиткајте го ролатот и украсете го со шлаг крем, мелени ореви и растопен еурокрем.

Рецепт на Аида / Сооlinarika.сom