Фотографија и рецепт: Верица Бориќ
Потребни состојки:
6 јајца
6 лажици шеќер
1 лажица какао
5 лажици брашно
½ прашок за печиво (5 г)
За крем:
2 јајца
200 мл млеко
2 лажици густин
7 лажици шеќер
70 г чоколадо
1 ванилин шеќер (10 г)
250 г маргарин / путер
3 банани
2 кесички шлаг за декорација одозгора
Постапка:
Пенасто изматете ги јајцата со шеќер, па додадете брашно, како и прашок за печиво.
Излејте во намастен и набрашнет плех во претходзно загреана рерна на 180 степени и печете додека да зарумени.
Печената кора изладете ја. Во малку млеко изматете ванилин шеќер, шеќер, густин и јајца, а остатокот од млекото ставете го да проврие. Кога ќе зоврие, сварете го како за пудинг со постојано мешање додека да згусне. Тргнете од оган и додадете го чоколадото и тоа да се растопи. Оставете да излади.
Путерот пенасто изматете го, па додадете го во изладениот крем.
Измиксајте ги и бананите, па и тие додадете ги во кремот.
Преку изладената кора нанесете го кремот, а одозгора декорирајте со шлаг.
Фотографија и рецепт: Верица Бориќ