Потребни состојки за бисквит:

4 јајца

4 лажици брашно

3 лажици шеќер

1 прашок за печиво

2 лажици какао

3 лажици масло

За крем:

2 пудинзи од ванила

600 мл млеко

10 лажици шеќер

10 лажици путер/маргарин

250 г гмечена банана

Постапка:

Жолчките изматете ги со шеќер, масло, брашно, прашок за печиво и какао во прав. Направете снег од белки, па спојте ги со смеса од жолчки и печете околу 25 минути на 180 ºC.

Кога бисквитот е готов прелијте го со 150 г и вода (претходно зовриено и растопено).

За крем: сварете го пудингот во 500 мл млеко со 4 лажици шеќер. Оставете да излади, а за тоа време изматете путер со 4 лажици шеќер во прав и банана.

Кремот прелијте го преку бисквит, а преку кремот прелијте чоколадна глазура од 100 г чоколадо, 1 лажица шеќер и 50 г путер.