Многу често ги подготвувам овие вкусни лепињи, кои растат како балончиња, па со сопругот и децата ги завикавме БАЛОНИ. Однатре се шупливи и многу вкусни. Тестото е навистина посебно, секојпат ми излегува меко и расте многу брзо. Откога ќе го направите тестото, развлекувањето на лепињите оди многу лесно, а потоа се печат само 6 минути. Многу се здрави и вкусни, а како прилог со нив може да послужите месо, салата, ајвар, сирење… Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 шолја вода, 1 шолја млеко, повеќе од половина шолја јогурт (125 мл), 2 големи лажици масло за готвење, 1 коцка свеж квасец (21 г), 1 голема лажица шеќер, 1 мала лажичка сол, 5 и пол до 6 чаши брашно (550–600 грама). Како мерка се користи шолја од 200 мл за водата и за млекото, а за останатите состојки е допишано во грамови и милилитри.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад за замесување на тестото сипете една чаша топла вода на собна температура, а потоа додајте повеќе од половина шолја јогурт со 1 шолја млако млеко. Промешајте ги течните состојки додека да се соединат, па веднаш потоа додајте две големи лажици масло, една голема лажица шеќер и еднa коцка свеж квасец. Енергично измешајте ги состојките додека да се растопи квасецот.
Млекото, водата и јогуртот е потребно да бидат на собна температура за квасецот побрзо да набубри. Квасецот се остава да се активира неколку минути. По изминатото време, додајте 5 и пол до 6 чаши брашно, измешано со една лажичка сол. Брашното додавајте го постепено со месење со рака додека да се соедини во лепливо и меко тесто. Кога ќе го формирате тестото, оставете го да нарасне на собна температура околу 1 час, покриено под крпа или проѕирна фолија.
Откога тестото ќе ја удвои својата големина, префрлете го на набрашнета маса и уште малку размесете го за од него да излезат вишокот гасови. Домесете го тестото додека да престане да се лепи, а по потреба додавајте си уште брашно. Вака подготвеното тесто формирајте го во подебел валјак, па поделете го на 10 еднакви делови и од секој дел обликувајте топче.
Топчињата складирајте ги настрана под фолија и земајте си едно по едно, како што ќе ги развлекувате и подготвувате. Земете го првото обликувано топче-тесто и ставете го на набрашнета маса, па со оклагија развлечете го колку што можете повеќе. Тестото треба да биде тенко. Вака подготвените кругчиња ставајте ги настрана, а на истиот начин подгответе ги и останатите теста.
Развлечените теста се оставаат да отстојат околу 10-тина минути на топло место, а потоа се подготвуваат за печење. По желба, пепчињата наросете ги со малку пченкарно брашно за подобар вкус. Земете еден плех за печење и свртете го наопаку, па на рамната површина ставете по 2-3 лепињи, колку што ви собира, важно е да не се допираат.
Вклучете ја рерната да се загрее на 250 степени и ставајте ги тестата едно по едно да се печат. На овој начин, балоните се печат со еднаква дебелина од двете страни. Лепињите се печат на 250 степени од 5 до 7 минути. Како што се пече една лепиња, таа малку ќе се стесни и ќе нарасне, па со повремено проверување може да ја додавате следната лепиња, а ја вадите првата која веќе се испекла.
Доколку имате голем плех, истовремено ќе можете да печете по 2-3 лепињи. Лепињите се готови кога ќе потемнат и ќе фатат фина коричка на површината и ќе се надујат. Овие лепињи се многу вкусни, а процесот на подготовка е многу лесен. Лепињите може да ги послужите со ќофтиња/ќебапи или со некоја салата или пак со ајвар и сирење. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.