Ништо не го разубавува балконот така величенствено како што тоа го прави цвеќето. И вие би сакале да го украсите својот балкон но не знаете кој вид на цвеќе бара најмалку труд и нега?
Ова се 5 видови балконски цвеќиња кои секогаш успеваат:
1.Џунџуле е едно од најпопуларните летни цвеќенца, поради својата убавина, но и поради малата потреба од грижа и нега при одгледувањето. Каква и да е земјата во која ќе го засадите, тоа ќе успее и ќе цвета.
Џунџулето е балконско цвеќе со богато цветно венче кое трае цело лето. Доаѓа во нијанси од жолта и портокалова, а цветовите може да бидат едноставни или полни. Џунџулето најубаво расте на сончево и полусончево тло со убаво дрениран супстрат.
Ако сакате џунџулето да ви цвета цело лето, редовно отстранувајте ги прецветаните цветови и редовно прихранувајте го и полевајте го.
2.Пеларгонија, Мушкатла или сардела е цвеќе кое исто така е познато по својата отпорност. Ја карактеризираат исправени меснати гранчиња со темнозелени листови кои на ивиците имаат карактеристичен темнозелен прстен.
Пеларгонија доаѓа во бела, жолта, розова, црвена, виолетова и портокалова нијанса. За раст и е потребно сончево место, но заштитено од директно пладневно сонце и добра дренажа. За да расте убаво, задолжително отстранувајте ги прецветаните цветови и поолтените листови за да не се развие болест.
Пеларгонијата редовно полевајте ја, но потребно е да оставите супстратот да се засуши помеѓу двете залевања.
3.Петунијата е една од најраспространетите видови за уредување на балконите. Оваа препознатлива цветна убавица доаѓа во многу облици и бои на цветовите, бела, жолта, розова, виолетова, сина и црвена, а може да биде и двобојна.
Цвета од јуни до септември, а потребно и е место со полусенка, како и хумусен добро дрениран супстрат. Поради нејзините нежни цветови, внимавајте да не биде премногу на ветер. Петуниите негувајте ги со редовно полевање и прихранување со ѓубриво кое содржи низок процент на азот и повеќе фосфор за да цветаат обилно.
Во вториот дел од летото билките можете да ги потсечете на 20 см од нивото на земјиштето, добро да ги прихранете, па повторно ќе цветаат до есен.
4.Тробојните љубичици или Ден и ноќ успеваат на секоја почва. Најчестото цвеќе во парковите и градините бидејќи не бара голема нега. Многу е препознатливо по специфичната градба на цветот – петерочлено цвеќе со две латици во горниот дел, две од страна и една во долниот дел од цветот.
Постојат голем број сорти кои се разликуваат по боја на цвет која може да биде во сите нијанси од бела до темновиолетова. Освен едновојни постојат и сорти со цветови во комбинација од две или повеќе бои.
5.Бегонија е грмушеста билка со кревки, воденасти гранчиња, меснат ливчиња и голем број цветови. Доаѓа во бела, розова и црвена боја, а цветовите се полни или едноставни. Листовите кај некои сорти може да бидат и со бакарна боја.
Потребно им е сончево до полусончево место со добра дренажа.
За да го оправда своето латинско име semperflorens што значи постојано што цвета, потребно е редовно да се прихранува. Помеѓу две полевања се препорачува да се остави суптратот да се потсуши.