Рецепт и видео презентација на “Ризница тајни”- Баклава во ролнички со плазма и ореви.
Сите ја сакаат класичната редена баклава која се приготвува само од ореви, но ова е една верзија која навистина го заслужува вашето внимание. Се витка во ролнички и многу е сочна и вкусна.
Потребни состојки:
Кори за баклава
200 г мелени ореви
200 г мелена плазма
2 лажици шеќер
4 лажици гриз
100 мл масло
1 шолјичка лимонов сок
и уште:
100 мл масло
100 г путер/маргарин
за сируп:
600 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 лимон
700 мл вода
Постапка:
Најпрво пригответе го сирупот за да има време да излади: Во еден сад ставете 600 г шеќер и налијте со 700 мл вода. Варете го 20 минути па пред крајот додадете една лажичка ванилин шеќер и еден лимон исечкан на парчиња. Тргнете го на страна да се лади.
Во подлабок сад измешајте ги мелените ореви, мелената плазма, гризот и останатите состојки. Добро соединете за да се изедначат состојките. На страна измешајте ги растопениот путер и маслото.
Отворете ги корите: Една кора премачкјате ја преку целата површина со мешавина од масло и путер, поклопете со вторат кора и повторете ја постапката. На едниот крај наредете фил, па внимателно започнете со виткањето на ролната.
Постапката продолжете ја додека имате материја, а тенките ролнички редете ги во намастен плех. Исечете ги на големина по ваша желба, а потоа премачкјате ги со остатокот од растопен путер и масло.
Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, а потоа уште половина час на 150 степени. Печената баклава прелијте ја со претходно приготвениот сируп.
Оставете ја убав да го впие сирупот, изладете ја и послужете ја. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.