БАКЛАВА СО МАК (АФИОН)…Сочна и превкусна….ЕВЕ ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

500 г готови кори за баклава
250 г мелено семе од афион
5 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша цврст јогурт/кисела павлака/кисело млеко
1 чаша масло
2 кесички ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво

За сируп сварете 10 минути:
400 г шеќер
400 мл вода
1 лимон

За премачкување маснотија: масло или растопен маргарин или мешавина

ПОСТАПКА:

Со миксер изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата додека да згуснат. Потоа додајте го јогуртот, маслото, прашокот за печиво и постепено сипете го мелениот мак. Мешајте со лажица додека сите состојки да се соединат.

Во намастен плех 30х18 см или со слични димензии ставете 2 преклопени кори премачкани со маснотија. Потоа распоредете фил и продолжете ја постапката на редење – 2 кори – фил, додека да ви се потроши материјалот.

Исечете ја на коцки со големина по ваша желба. Рерната вклучете ја да се загрее на 190 степени, а баклавата печете ја 35 минути.

Топлата баклава прелијте ја со ладен/млак сируп. Постапката погледнете ја ОВДЕ: