Home шербетни колачи Баклава без вага и миксер, сочен колач со ореви готов за 5...

Баклава без вага и миксер, сочен колач со ореви готов за 5 минути…

Сочен колач со ореви – готов за 5 минути. Овој брз и едноставен рецепт за сочен колач со ореви е идеален за секоја пригода.

Со мерките дадени во чаши, без потреба од вага или миксер, овој десерт ќе го подготвите за само неколку минути, а резултатот е мек, ароматичен колач кој ќе ги воодушеви сите.

Совршен баланс на ореви, ванила и сладок шербет го прави овој колач неодолив, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

За колачот:
– 5 јајца
– 1 чаша шеќер
– 1 чаша масло
– 1 чаша млеко
– 2 чаши мелени ореви
– 1 чаша брашно (или 1,5 чаша ако јајцата се поголеми)
– 1 кесичка прашок за печиво
– 1 кесичка ванилин шеќер
– ½ чаша мелени ореви (за посипување)
– НМД

За шербет:
– 2 чаши шеќер
– 1,5 чаша вода

ПОСТАПКА:

Најпрво направете го шербетот: во тенџере на средна температура, соединете ги шеќерот и водата. Мешајте додека шеќерот да се раствори, а потоа оставете да зоврие 5-7 минути и оставете го да се излади на собна температура.

Во длабок сад, со жица изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата стане пенеста. Додајте го маслото и млекото, па продолжете со мешање додека состојките се соединат.

Во смесата постепено додајте ги мелените ореви, брашното, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер. Мешајте додека да добиете хомогена смеса без грутки.

Префрлете ја смесата во намастен и набрашнет плех со средна големина. Печете во загреана рерна на 200°C околу 35 минути или додека колачот не добие златно-кафеава боја.

Проверете со чепкалка дали е печен – ако излезе сува, колачот е готов.

Откако колачот ќе се испече, оставете го да се излади 3-5 минути, па рамномерно прелијте го со оладениот шербет.

Со тенко дрвено стапче избоцкајте го на неколку места за полесно да го впие сирупот. Поросете ја површината со ½ чаша мелени ореви. Исечете го на коцки или ромбови.

Оставете го колачот да отстои најмалку 1 час за да го впие шербетот, но ако сте нестрпливи, можете да го јадете уште додека е топол.

Уживајте во овој вкусен и сочен колач со ореви, кој е едноставен за подготовка, а неодолив на вкус! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:

https://youtu.be/gOxdjmKu30A?si=aeHOCDu6Gdc5YA4O