БАКЛАВА БЕЗ КОРИ…Сочен и многу вкусен шербетен колач, некои го нарекуваат татлија…Состојките се мерат со чаша, а постапката е лесна и брза…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
1 чаша масло
1 чаша млеко
1 чаша скроб/нишесте/густин
1 чаша мелени ореви
1 јајце
1 кесичка прашок за печиво
3 чаши брашно
За шербет:
3 чаши шеќер
2,5 чаши вода
4 – 5 капки лимон
ПОСТАПКА:
1.За тесто: измешајте масло, млеко и јајца. Започнете со додавање малку по малку брашно, скроб и прашок за печиво додека непрекинато мешате.
2.Додајте ги оревите и преостанатото брашно и замесете меко тесто кое не се лепи за рака.
3.Добиеното тесто развлечете го и израмнете го со рака со притискање врз тркалезен плех. Потоа исечете го како баклава.
4.Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека горниот и долниот дел да поруменат.
5.За сируп: во тенџерето сипете вода и шеќер и измешајте. Ставете на шпорет и оставете да зоврие. Кога ќе почне да врие, исцедете го лимонот, извадете го од шпоретот и оставете го да се излади.
6.Топлиот сируп се прелива врз врелиот десерт кој сте го извадиле од рерната. Оставете го 3-4 часа да го впие шербетот.
Потоа декорирајте по желба и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/1aW2Jc34r_4?si=xfmU0UkfRj_H_2K0