Ова не е вистинска бајадера, затоа ја нарековме Бајадерка, но затоа е вистинско освежување. Без печење, многу брзо се прави, се лади во фрижидер и готова е.
Потребни состојки:
1 литар млеко
150 г гриз
250 г путер/маргарин
1-2 лажици какао
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 лимон кора и сок од половина лимон
Бисквити
Постапка:
Сварете го млекото со шеќер, додадете го путерот да се растопи, па во тоа згответе го гризот.
Поделете ја смесата на два дела, па во едниот додадете какао, а во другиот ванили шеќер, малку лимонов сок и рендана кора.
Во калап 20х30 наредете ги бисквитите, па одозгора излејте го кафеавиот крем.
Врз него наредете уште еден ред бисквити, па врз нив излејте го белиот крем и најодозгора наредете уште еден ред бисквити. И толку. Ставете во фрижидер да излади.