Колачот може да се приготвува во сите сезони, може да се комбинира со сезонско овошје или овошје по ваша желба. Многу брзо, лесно и вкусно.
Потребни состојки:
1 литар млеко
8 лажици гриз
2 ванилин шеќер
100 г шеќер
1 пудинг од ванила + млеко + шеќер по вкус
1 пудинг од чоколадо + млеко + шеќер по вкус
1-2 шлаг креми или течна павлака
Постапка:
Ставете да се готви млекото, а кога ќе зоврие, додадете претходно измешано гриз, ванилин шеќер и шеќер во малку одземено млеко.
Кога гризот ќе се свари, прелијте го во некој подлабок, правоаголен плех со средна величина и израмнете. Оставете да се излади и стегне.
Сварете пудинг од ванила според упатството од кесичката и прелијте го преку гризот, па израмнете.
Сварете пудинг од чоколадо според упатството и прелијте го преку пудингот од ванила и израмнете.
Изматете цврст шлаг според упатството на кесичката или слатка павлака за шлаг додека да зацврсти, па премачкајте преку колачот.
Колачот ставете го во фрижидер да излади околу еден час. Потоа сечете го и послужете го. Целиот е кремаст и се топи во уста.
Можете да го комбинирате со овошје! Наместо да ставите пудинг врз гризот, може да наредите сезонско овошје или овошје од компот.
Ако користите компот, тогаш течноста од компотот загрејте ја на оган и додадете желатин или густин, па прелијте го преку овошјето и оставете да се стегне.