За билката Бабин Заб (lat. Tribulus Terrestris) денес ни пишува билкарот Мартин Најдовски, а доколку имате прашања, истите можете да му ги поставите на неговата страница Лилма.

Бабин заб е билка која е достапна за сите, лесно се наоѓа, коров е, обично се наоѓа покрај напуштени ниви, патишта, на суви и песокливи места.

Таа е билка која расте во ширина односно ползи по земјата, се карактеризира со жолти цветови, плодот и е во форма на боздоганче со 10 боцки од страните.

Лековити делови или делови кои се собираат за приготвување на лековити препарати се: листот, цветот и плодот, односно целиот надземен дел.

Во народната медицина порано билката Бабин заб не се употребувала толку многу поради недоволно познавање, но сега, во помодерно време билката е испитана и нејзината употреба е многу поголема за разлика од порано.

Оваа билка е наречена “Машка билка” што говори дека првенствено е одлична за машкото здравје. Помага кај машки стерилитет, кај мажи со слабо подвижни сперматозоиди или слаб спермограм и јас дефинитивно им ја препорачувам на сите со ваков и сличен проблем.

За спортистите и оние кои вежбаат, ја препорачувам исто така, бидејќи делува на зголемување на мускулната маса, дава виталност и енергија, а со тоа и зголемување на издржливоста.

Во голем број од препаратите за билдери се содржи токму оваа билка, а имам сретнато и апчиња кои исто така ги користат за раст на мускулите кои се на база на Трибулус.

Многу испитувања покажале дека Бабиниот заб е билка која стрикно делува на тестостеронот кај мажите, па со тоа ги подобрува квалитетите кај секој маж. Билката содржи сапонини, алкалоиди, гликозиди, флавоноиди и др.

Порано билката се употребувала за проблеми со кардиоваскуларниот систем, анемија, ангина пекторис, висок холестерол и сл.

Делува антисептички и диуретично а со самото тоа ги чисти уринарните патишта, кај инфекции на истите, простата и друго.

Оваа билка исто така ја подобрува циркулацијата, помага кај кожни болести како што е псоријаза, егзема бидејќи го чисти црниот дроб, помага за зголемување на апетитот, кај хроничен замор, хепатитис, главоболка и др..

Рецепти:

1. Чај: 2 суепни лажици билка се закиснуваат во 400 мл ладна вода, стои одвечер 8 часа. Следното утро само се загрева колку да се затопли, се цеди и пие по 2 шолји на ден, 30 мин пред јадење, наутро и навечер. Чајот се пие најдолго 2 месеци па потоа следи пауза од 1 месец.

Напомена: Не смеат да го консумираат доилки, бремени и луѓе со висок притисок.