Обаа баба тврди дека ќе работи сè додека ја држат нозете, Вирџинија Оливер (101) од мејн (УСА) и натаму работи како ловец на јастози, заедно со своите синови, а со оваа професија се занимава уште како дете, кога имала само седум години. Таа нема намера да прекине со работата.
Исто така, таа има и планови за иднината. Во следните неколку години има намера да продолжи со ова што го работи, а како што вели, ќе престане со ловење на јастози дури кога ќе ум-ре, пренесува „CBC news“.
Госпоѓа Оливер неодамна претрпела пов-реда на работното место, здобивајќи се со седум конци. Дури и докторот бил изненаден и морал да ја праша зошто упорно го работи тоа.
„Ме праша зошто ги ловам јастозите. Му реков затоа што тоа го сакам и дека тоа ќе го работам сè додека да ум-рам. Баш ми е гајле за неговото мислење“, низ шега истакна таа и додаде дека таа пораснала со оваа работа и фаќањето јастози за неа е главниот смисол на животот.
Некогаш ловењето јастози се сметало првенствено за „машка“ работа, а сè започна кога татко и започнал да ја носи со себе на лов кога таа имала само седум години. Оттогаш таа не престанала да го работи тоа, а љубовта ја пренела и на своите синови.
Исто така, нејзините синови тврдат дека таа многу л ошо би се чувствувала кога некој од нив би престанал да се занимава со оваа работа.
„Мама не се откажува од ова. Среќна е што и ние сме со неа и таа ни е шеф во оваа работа. Кога би и рекле дека се откажуваме од ловењето јастози, таа би била многу тажна – наведе еден од нејзините синови, Макс.
Нивната работа трае три дена во седмицата, од мај до ноември, главно во заливот Пенобскот во Мејн. Стануваат околу 3 часот наутро и не си легнуваат никогаш пред 22 часот.
Макс управува со чамецот и го извлекува уловот, а задачата на нивната мајка е да ги мери јастозите, фрлајќи ги малите назад во вода и одвојувајќи ги поголемите кои би можеле да се искористат за продажба.
Единствена работа која сега е променета во однос на периодот кога таа била млада е тоа што има многу помалку јастози и дека многу повеќе луѓе се занимаваат со оваа професија.