Истражувањата покажуваат дека едно од десет консумирања на аспиринот се смета за несоодветно, а дознајте зошто… Новите истражувања во Америка покажаа дека дури 69 000 Американци често пијат аспирин, а дури 12% од луѓето немаат вистинска потреба од овој лек.

АСПИРИН КАКО ПРЕВЕНЦИЈА ОД СРЦЕВ И МОЗОЧЕН УДАР?

Причината поради која аспиринот толку често се користи е надежта кај луѓето дека неговото секојдневно консумирање ќе им помогне во спречување на срцев или мозочен удар.

Порано истражувачите тврдеа дека минималната дневна доза на аспиринот може да го редуцира ризикот од појава на срцев или мозочен удар кај луѓе кои еднаш веќе имале вакви проблеми.

Меѓутоа, работите излегоа од контрола кога луѓето започнаа да го користат аспиринот и тогаш кога навистина не им е потребен.

ПОСЛЕДИЦИ ОД ДОЛГОРОЧНО КОРИСТЕЊЕ НА АСПИРИНОТ

„Аспиринот не е лек кој може да се консумира долгорочно без последици“- вели Рави Хира, автор на студијата и кардиолог во Бејлор Колеџот во Хјустон.

Хира нагласува дека несоодветната доза аспирин и неговото секојдневно консумирање може да предизвика сериозни внатрешни крвавења или можеби и мозочен удар.

Многумина го игнорираат ризикот од крвавње, делумно затоа што аспиринот е толку распространет лек кој лесно може да се набави.

Идејата дека ќе го заштитите срцето со користење на аспиринот е распространета кај многу луѓе.

„Веројатно е многу полесно да се земе апче отколку да се промени целокупниот живот“-вели Хира.

Најдобро е пред употребата да се консултирате со вашиот лекар, па дури и ако мислите дека сте во опасност да доживеете срцев или мозочен удар. Лекарот мора да го утврди не само вашиот ризик од кардиоваскуларни болести, туку и од внатрешни крвавења, за да може да ви препише адекватна терапија.