Како да се исчисти организмот од наталожените т ешки метали дава совети и насоки познатиот нутриционист Маја Мандиќ. Постојат намирници кои се евтини и достапни за секого, а кои имаат способност да се врзуваат за т ешките метали и на тој начин ни помагаат да го исчистиме телото од нив.
Ако дојде до таложење на арсен, кадмиум, алуминиум, олово и жива во нашето тело може да доведе до голем број здравствени проблеми. Се покажа дека одредени растенија се првата линија во оваа одбрана бидејќи се врзуваат т ешките метали и на тој начин ги ослобо-дуваат ткивата и го олеснуваат нивното отстранување од телото.
Вистина е дека сме изложени на многу ток-сини, т ешки метали и хеми-калии, кои се насекаде околу нас, а навлегуваат во нашето тело преку воздухот, водата, храната … Познато е дека нашето тело има природни системи за деток-сикација кои ни помагаат да ги отстраниме овие опас-ни соединенија, вели нутриционистот Маја Мандиќ.
Нашата кожа, црниот дроб, бубрезите, дигестивниот тракт и лимфниот систем играат важна улога во одржувањето на рамнотежата. Природата исто така ни обезбедила растенија кои помагаат за подобра работа на нашите органи задолжени за деток-сикација.
Модерната наука има откриено дека одредени растенија како што се коријандерот, глуварчето, пискавица/тилчец, чичок, луцерка, хлорела, коприва и црвена детелина имаат посебен афинитет за поддршка на природната функција на нашите системи при ослобо-дување на ток-сини.
Коријандерот е секогаш на прво место. Арсен, кадмиум, алуминиум, олово и жива се т ешки метали може да се наталожат во нашите ткива, а тоа пак може да доведе до срцеви заболувања, хормонална нерамнотежа, невро-лошки состојби, неп-лодност и многу други проблеми.
Се покажа дека коријандерот има способност да ги поврзува овие т ешки метали заедно, ослобо-дувајќи ги ткивата од нив и олеснувајќи го нивното отстранување од телото. Нутриционистите тврдат дека оксидативниот ст-рес предизвикан од т ешките метали доведува до разни нару-шувања.
Во таа бор-ба, свежиот лист од коријандер е неприкосновен и најдобар, па затоа треба да се најде на прво место. Може да се користи во јадења, салати, како микробилка, што е исклучително корисно во денешно време. Може секојдневно да приготвувате вода од семе од коријандер, но овој рецепт заслужува повеќе внимание, па за него ќе се задржиме во друг пост.
РЕЦЕПТ: Во блендер ставете една рака свеж лист коријандер (или прстофат мелено семе), мало парче ѓумбир, половина краставица, 3 стапчиња целер (или китка лист), сок од 1 лимон, 1 зелено јаболко, 1-2 чаши кокосова вода, 1 лажица јаболков оцет. Измиксајте додека да се изедначи смесата и пијте во голтки.
Постои долг список на здравствени придобивки од коријандерот, ја намалува возне-миреноста, го намалува шеќерот во кр-вта, ги намалува факторите на ризик за срцеви заболувања, ги спречува инфекциите на уринарниот тракт, го помага варењето, штити од тру-ење, поттикнува здрави мен-тални функции, спречува нев-ролошки воспаленија и ја штити работата на дебелите црева.
Експертите истакнуваат дека фитонутриентите, флавоноидите и фенолите се главните носители на овие придобивки што ни ги дава коријандерот. Зачинот од коријандер се добива од сушено семе на растението. Иако потекнуваат од исто растение, тие имаат многу различни вкусови, како и здравствени придобивки.
Заедно со коријандерот, листовите од мајчина душица, магдонос, босилек, рузмарин, нане се препорачуваат и за деток-сикација на телото – сите тие најдобро се користат свежи или во комбинација со лимон или лимета и ѓумбир бидејќи ги отстранува повеќето ток-сини од телото.
За подобра деток-сикација, се препорачуваат кардамон, црн ким, црн пипер, куркума, пискавица/тилчец, синап, босилек, семки од целер … Секое од овие билки и зачини помага да се намали воспалението и му помага на нашето тело да се ибо-ри со ток-сините од воздухот, водата и храната.