Аронија во мед за подобрување на крвната слика и добар имунитет. Фото и рецепт: Тина Хорват

Потребни состојки:

800 г аронија
1 кг мед
2 тегли

Постапка:

Аронијата се чисти убаво од гранчињата и листовите. Се става во поголем послужавник.

Вака убаво распоредена аронијата во еден слој, се остава три дена малку да се потсуши. Треба да почне да се собира, односно збрчкува.

После три дена се става во теглите, две поголеми и една помала. Се полнат до половина.

Втората половина од теглите се пополнува со медот, добро се промешува и се затвораат теглите.

Аронијата е многу здрава. Приготвена на овој начин со мед, треба да се консумира секое утро по една лажица.

Бидејќи на топло, односно на собна температура може да се случи аронијата да ферментира, најдобро би било теглите да се чуваат во фрижидер или во некоја ладна просторија со константна температура.