АРАПСКИ КОЛАЧ со павлака, јајца и ореви…Сите се воодушевени од вкусот…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 г кисела павлака
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка бел оцет 9%
6 белки
200 г шеќер
6 жолчки
200 г брашно
1 чаша мелени ореви
20 г путер за намастување

За крем:
280 г кондензирано млеко (брз рецепт ОВДЕ)
150 г кисела павлака

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ја павлаката со сода бикарбона и оцет. Оставете во фрижидер. Во посебен сад пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег кој не паѓа од садот.

2.Во белките додајте ги жолчките и киселата павлака, па повторно изматете. Додајте го брашното, промешајте со шпатула. Потоа додајте ги мелените ореви и повторно промешајте додека да се изедначи смесата и да нема грутчиња.

3.Огноотпорен сад со средна големина намастете го со путер и посипете го со брашно. Излејте ја смесата, рамномерно распоредете ја и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.

4.Печениот бисквит извадете го внимателно од калапот, отсечете му го врвот (да се израмни) и сомелете го за трошки за декорација, па пресечете го на половина, да добиете две тенки кори.

5.За фил: пенасто изматете го кондензираното млеко со киселата павлака.

6.Филување: кора, крем, кора, крем. Премачкајте ја целата торта и оставете ја 1 час во фрижидер.

7.По изминатото време посипете ја целата торта со трошките. Постапката погледнете ја ОВДЕ.