АРАПСКИ КОЛАЧ СО 4 ЈАЈЦА…Сите состојки ги имате в кујна за овој многу вкусен колач…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
3 јајца
150 г шеќер
1 прстофат сол
100 мл масло
70 мл млеко
200 г брашно
1 лажица прашок за печиво
За фил:
250 г крем сирење/несолена урда
1 јајце
3 лажици шеќер
1 лажица скроб/нишесте/густин
ПОСТАПКА:
1.Јајцата изматете ги со сол и шеќер, па додајте масло, а потоа и млеко. на крај додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и изедначете, да нема грутчиња.
2.Смесата сипете ја во калап со средна големина, намастен со путер. Оставете настрана, па со нож исечете коцки.
3.Сите потребни состојки за филот соединете ги со рачен блендер.
Смесата сипете ја во готварска кеса и истиснете линии по направените засеци во тестото.
4.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути. Кога малку ќе подизлади колачот посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.