Во некои претходни времиња, сода бикарбоната била замена за речиси сè – од детергент, до средство за чистење и дезинфекција, за решавање на проблеми со ждригавица (киселини) во желудникот, проблеми со дуење на стомакот, а се користела и во готвењето за омекнување на месото.
Меѓутоа, ретко кој знае како оваа состојка да се искористи во служба на убавината, а особено во третманите за сла-беење (особено за намалување на м асните н аслаги во пределот на стомакот) и за ч истење на телото од ток0сините, пишува НМД.мк
Во последно време доста п опуларна стана таканаречената „бања со сода бикарбона“ која помага во ели-минација на целулитот и измазнување на стомакот, а како се користи, ќе прочитате во продолжение на текстот.
Кога белата состојката – сода бикарбоната ќе ја помешате со малку вода, добивате еден вид на паста која се користи за подобрување на состојбата на кожата, за ублажување на јадежот и црвенилото после у бо дот од инсекти.
Па така, доколку ве ука-са комарец, најдобро е веднаш да ставите на местото раствор или паста од сода бикарбона и на тој начин да го спречите непријатното чувство и црвенилото, а кожата многу побрзо ќе се опорави.
Бањите во кои е растворена сода бикарбона помагаат да се ослободите од целулитот дејствувајќи врз локалниот метаболизмот и размена на материите преку порите на кожата, пишува НМД.мк
Како да направите бања со сода бикарбона? Потребни ви се 200 г сода, кои ќе ги растворите во топла вода и во некој посебен сад. Наполнете ја кадата со топла вода и истурете ја подготвената смеса во неа.
Промешајте за да се раствори подеднакво низ целата вода. Оптималното време што треба да го поминете во ваква бања е 10-15 минути, а после 15-20 третмани ќе забележите видлива разлика. Овој третман се прави еднаш неделно.
Потопувајте се само до линијата на рамењата, или доколку ви е угодно, најдобро би било да бидете во седечка или полуседечка положба.
По завршување на постапката, не се плакнете, туку исушете го телото со тапкање со некоја мека крпа. Потоа облечете бањарка и легнете под топло ќебе.
Бањите од овој вид се совршени кога се комбинираат со морска сол, билни чаеви, есенцијални масла, па дури и јод (се додаваат максимум 4-6 капки).
Доколку имате чувствителна кожа и забележите дека на некои места е посува, мачкајте се некој хидрантен или масен крем или пак прекинете ги третманите.