Постојат многу причини зошто босилекот треба почесто да го додавате во вашите јадења. Оваа ароматична билка има овално зелени листови кои одлично одговараат во бројни медитерански јадења. Постојат 60-тина видови босилек кои се различни по изгледот и вкусот, пишува НМД.мк
Поседува особено изразени антиоксидатвини својства, па доколку редовно го употребуваме босилекот во исхраната, ќе си обезбедиме здрав живот, заштитени од дејствата на слободните радикали кои предвреме ги стареат клетките и претставуваат причина за појава на некои видови рак.
Еден од антиоксидантите содржани во босилекот е бета-каротенот, кој во телото се претвора во витамин А. Овој антиоксидант ја спречува оксидацијата на холестеролот, а со тоа го штити срцето и кр-вните садови.
Бета каротенот е одличен и за превенција на некои болести како што е астмата на пример, потоа остеоартритис и ревматоиден артритис, кои се појавуваат токму поради делувањето на слободните радикали.
Во босилекот се содржи и доста витамин Б6 и магнезиум. Витаминот Б6 спречува таложење на хомоцистеин (ш тетна с упстанција), а магнезиумот поттикнува јакнење на кардиоваскулаторниот систем, со што делува превентивно против инфаркт.
Со релаксирање на мускулите и кр-вните садови, овозможува подобар проток на к рвта и го намалува ризикот од аритмија. Според новите истражувања, маслото од босилек се покажало како одлично за јакнење на имунитетот.
Со оглед на тоа што неговите листови поседуваат антибактериски и антисептички својства, истите може да се користат за лекување на бактериски инфекции. Затоа, користете го босилекот колку можете повеќе во вашата кујна.
Оваа билка се додава секогаш на крајот од готвењето за да се сочува неговиот вкус и својства. Ако можете да бирате, тогаш секогаш избирајте го свежиот босилек, бидејќи има посилен вкус.
Најпознатото јадење кое се приготвува со листови од босилек е пестото „Џеновезе“ кое содржи зелен сос од босилек, пињоли и пармезан, Од свежо сечкан босилек со лук и маслиново масло може да се направи одличен сос, кој можете да го послужите како прилог на разни јадења, а особено тестенини, ориз или брускети.
Од босилек може да се приготви едноставен ладен десерт. Исечкајте листови босилек и додајте лимонов сок, сок од шеќерна трска и вода. Потоа оваа смеса излејте ја во модли за коцки мраз. Кога смесата ќе се замрзне, со блендер сомелете ја и послужете како леден десерт.
Пригответе освежителен чај од босилек кој се приготвува на следниот начин: исечкајте една рака листови босилек, прелијте ги со една чаша врела вода, оставете да отстои осум минути поклопено, па процедете.