Сода бикарбона е хемиско соединени со бел, тврд, кристализиран облик, често во вид на фин прав, со соленкаст вкус и со алкалоидни својства.
Нејзините бројни својства се користат веќе со илјадници години. Во антички Египет, луѓето ја користеле сода бикарбоната за производство на боја за своите хиероглифи.
Првата фабрика за производство на сода бикарбона ја отвориле во 1846 година во Њујорк двајцата пекари, Џон Двајт и Остин Чурч. Се користи за разни цели, за чистење, медицина, убавина и слично.
Некои од ефектите на сода бикарбоната во медицината:
-ја подобрува рН вредноста
-пастата која се добива со мешање на вода и сода бикарбона се користи за третирање на алергиски реакции од отровен бршлен
-со мешање на сода бикарбона и вода се добива многу ефикасен антацид
-сода бикарбоната ефикасно ги лекува гребаниците
-употребата на сода бикарбона може да го намали развојот на болеста на бубрезите.
Натриум бикарбонатот е многу важен за здравјето, а го произведуваат бубрезите и панкреасот, за да се спречи оштетување на бубрезите. Кога неговата продукција ќе се намали, се пореметува рамнотежата на рН вредноста, па доаѓа до распаѓање на клетките.
Третман со сода бикарбона според д-р Томас П. Кенеди:
Растопете половина мала лажичка сода бикарбона под јазикот. Следниот ден измешајте половина лажчка сода бикарбона со 1,5 литар вода. Овој раствор треба постепено да испие во следните 2-3 дена.
Луѓето кои патат од болести на бубрези честопати патат он намалено ниво на бикарбонати и оваа здравствена состојба е позната како метаболичка ацидоза.
Д-р Томас П. Кенеди вели:” 3 милиони Британци патат од хронични болести на бубрезите и за околу 37.800 од нив е потребна трансплантација на бубрег, што чини околу 30.000 фунти годишно.
Истражувачите од болницата Витчапел го спровеле првото контролирано тестирање во клиничко опкружување и откриле дека сода бикарбоната може значително да ги намали ефектите од болестите на бубрезите.
Едноставниот лек како што е сода бикарбона, кога правилно ќе се употреби, може да биде многу ефикасен – открива д-р Кенеди.
Студијата опфатила 134 пациенти во напреден стадиум на болест на бубрезите и метаболичка ацидоза, а по случаен избор на одбрана група им била давана мала доза сода бикарбона во вид на капсули, во текот на една година.
На крај, функцијата на нивните бубрези се подобрила и дошла на нормално ниво во склад со нормалното стареење, па нивната потреба за дијализа се намалила.
Па дури, оваа група имала 2/3 поспоро влошување на болеста од останатите учесници.
Професорот Магди Хабиб Јакуб додава:
Оваа студија покажува дека сода бикарбоната може да биде корисна за луѓето на кои бубрезите им откажуваат. Односно, се додека дозата е регулирана и надгледувана.
Меѓутоа, сода бикарбоната не е класифицирана како лек, па оваа студија никогаш порано не беше спроведена” – истакнува Јакуб.