Направете си слатка која истовремено ќе ја задоволи вашата потреба за благо, а од друга страна ќе ви помогне да го зајакнете вашиот имунитет, а помага и за анемија.

Алвата ја сакаат многумина. Приготвена од семки од сончоглед, содржи витамини, микроелементи, полинезаситени масни киселини и фосфолипиди, кои придонесуваат за јакнење на имунитетот и одржување на кардиоваскуларниот систем.

Ho во сè е потребна мера – од вкусната алва смееме да изедеме само 20-30 г. Фитотерапевтката Јана Кириловна Бањко од Екатеринбург, советува сами да си направиме алва од моркови.

Овој десерт е корисен во случај на анемија, хиповитаминоза, полиартритис, кардиоваскуларни заболувања, болести на црниот дроб, на бубрезите и на желудникот. 

Во времето на настинки алвата од моркови ќе го засити организмот co витамини и ќе помогне да се зајакне имунитетот, а заболените да избегнат компликации.

Ова е нејзиниот рецепт за приготвување на алва, а подолу можете да го погледнете и нашиот избор –видео презентацијата од „Кујната на Нина”.

Потребни состојки:

1 чаша изрендани моркови од кои е исцеден сокот,
1/2 чаша млеко или вода,
1/3 чаша шеќер,
4 лажици путер,
1/3 чаша суво грозје (може да се користи кое било иситнето суво овошје),
3 лажици малку испечени и измелени јаткасти плодови (или мешавина од јаткасти плодови),
1 прстофат зачини по желба (цимет, кардамом и сл.).

Потребни состојки за рецепт 2 со видеопрезентација:

1 кг моркови, 1 ½ лажици брашно, 1 прстофат шафран, 5 лажици пченкарно брашно, 4-7 лажици путер Ги, фстаци, бадеми…, 4-5 скршени зрна кардамом или во прав, 1 чаша (од 250 мл) шеќер, ½ чаша вода.

Постапка:

Растопете го путерот и во него додајте ги морковите. Пржете ги на тивок оган додека да ја почувствувате силната арома на морковите. Потоа додајте ги сите преостанати состојки, освен зачините.

Динстајте на тивок оган 15 минути, co постојано мешање. Кога ќе испари целата течност, додајте ги сите мелени зачини.

Добиената смеса претурете ја во претходно намастени калапи и оставете да отстои час-два.

Потоа извадете ја, исечете ја на коцки (1х1 см) и пo желба поросете co шеќер во прав или co рендан кокос.

Смесата исто така, можете да ја оставите да се олади, а потоа од неа да направите топчиња. Алвата чувајте ја во фрижидер. Дневната доза се две коцки или топчиња. Сепак, не треба да се претерува.

Постапката можете да ја погледнете во видеото: