АЛЕРГИЧНИ СТЕ НА ГЛУТЕН, А САКАТЕ ДОБАР И ВКУСЕН ЛЕБ: јас имам совршен рецепт за вас, без месење и без брашно, со мерки на чаша. Рецепт од кујната на Валентина Машковиќ. Вкусен безглутенски леб без месење, рецептот ќе ви стане омилен од што лесно се подготвува.




Во последните години, се повеќе луѓе имаат алергија на глутен. Глутенските протеини сами по себе не се штет-ни и здравата популација нема основана причина за нивно избегнување, но лицата кои имаат интолеранција на глутен, целијачна болест или алергија на пченица треба да го ограничат внесувањето или целосно да го отстранат глутенот од исхраната.




Глутенот се наоѓа во житата како: пченица, ‘рж, јачмен, но покрај во житата истиот можете да го сретнете и во поголемиот дел производи како што се: тестенини, сосови и додатоци во исхраната.

Интолеранцијата на оваа материја претставува неможност на варење на глутенот. Статистиките во светот покажуваат дека повеќе од 15% од популацијата е интолерантна на глутен.




Во секој случај, доколку сте алергични на глутен треба да го избегнувате. Овој леб може да го јадат и оние кои се на диета, а главната состојка е овесни снегулки. Не ви треба многу време за да го подготвите овој вкусен леб, кој јас често го подготвувам, покрај тоа е здрав и знаете што сте ставиле во него.




Потребни состојки: 6 чаши овесни снегулки, 4 јајца, 3 чаши кисело млеко или грчки јогурт, 2-3 лажички сол, 2 кесички прашок за печиво, 2 лажици маслиново масло, 1-2 лажици ленено семе, 2 чаши излупени ореви. Чашата е со мерка од 200 мл.




Постапка: Лебот се подготвува исклучително лесно, сите состојки се соединуваат и смесата се прелива во правоаголен калап обложен со хартија за печење. Детално постапката проследете ја во продолжение:




Во подлабок сад ставете ги овесните снегулки, по можност да бидат ситно издробени (така може да ги купите или вие да ги издробите). Потоа додајте ги јајцата и разматете ги во житариците. Посолете по вкус со солта.




Потоа додајте го киселото млеко и се измешајте. Додајте го прашокот за печиво, а наместо прашок за печиво може да користите и сода бикарбона. Додајте го лененото семе, ситно сечканите мелени ореви и маслиновото масло.




Целата смеса соединете ја и прелијте ја во претходно обложен калап со хартија за печење и малку намастен. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40-тина минути. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




Безглутенскиот леб е богат со разновидни семки, здрави масти, протеини и растителни влакна! Може да го јадете без грижа и да го принесувате како прилог што ќе биде одличен во комбинација со вашето омилено јадење или потпечен со малку маслиново масло како закуска.



Во рецептот може да додавате семки по ваш избор. Во овој рецепт се користат само семки од лен, но сусамовите и сончогледовите одлично се комбинираат. Исто така, може да додавате и зачини по ваш вкус, на пример лебот да го направите пикантен.