Потребни состојки:

1 кг брашно

1 сув квасец

500 мл млеко

200 мл масло

4 лажички шеќер

4 лажички сол

2 јајца

1 белка

1 лажица јаболкова киселина

За премачкување: 1 жолчка, 2 лажици вода

Постапка:

Замесете тесто од наведените состојки и оставете го на топло место или во рерна да отстои 60 минути покриено за да надојде. Стасаното тесто премесете го на малку масло и формирајте топчиња.

Намастете ја работната површина, земете едно топче и развлечете го, свиткајте го и малку издолжете го, и така правете со секој кифла.

Кифлите редете ги во плех обложен со хартија за печење, па премачкајте ги со жолчка разматена со малку вода. Посолете.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути, во зависност од шпоретот. Се служат топли.