„За моето здравје и виталност им благодарам на кантарионот и медот!“ – вели глумицата Амина Беговиќ.
Медно – билен препарат кој таа го користи веќе со години е многу евтин и лесен за правење. Треба да си го има секое домаќинство.
Неважно е дали имате проблем со брчки, изгореници, дискус хернија, стомачни тегоби или други проблеми со кожата. Секоја болест ја извлекува на површината и ја отстранува – тврди глумицата.
Уште додека била студентка, на еден час по јавање паднала од кољот и добила дискус хернија. И било кажано дека нема лек.
-И лекарите, но и обичниот народ, тврдеа дека целиот живот ќе имам здравствени проблеми. Не заборавија да го нагласат баш тој факт дека нема лек.
Па, можеби конвенционалната медицина го нема, но јас со помош на комплементарни методи својот живот и здравјето го доведов до совршенство. Шетање, јога, мед и кантарионово масло кое сама си го приготвувам, не само што ме спасија од болките, туку и ми ја „надокнадија“ оштетената ’рскавица.
Аминин медно – растителен препарат не е некое чудо. Може секој да си го направи, не бара премногу време, посебна рецептура, ниту услови. Многу е едноставен за приготвување.
-Нема тука некоја филозофија, едноставно, ја купувам тревата кантарион од улични продавачи. Можам и сама да ја наберам, но и тие нешто нека заработат. Кога билката ќе се исуши и ќе добие црвена боја, тогаш се кисели во тегла со маслиново масло 40 дена, на сончево место, по можност.
Потоа се процедува и користи. А помешано со мед, ова масло е одлично за детоксификација на целокупниот организам.
Јас користам багремов мед, малку го загревам за да стане течен и тогаш го мешам со веќе готовото кантарионово масло. Смесата добро се промешува и готова е за употреба.
Самото маслиново масло е многу здраво, исто и кантарионот; а добиениот екстракт, односно, кога маслиновото масло ќе ги извлече сите лековити својства од кантарионот за тие 40 дена, па со додаток на мец – е нешто величенствено, како за здравјето така и во козметиката.
Овој домашен преперат, освен што го подига имунитетот и ја подобрува циркулацијата, го елиминира уморот, несоницата, желудочните проблеми, како и сите стомачни тегоби. Во неговата делотворност Амина се уверила безброј пати.
-Оваа рецептура ја негувам со години. Благодарение на овој лек денес сум витална и здрава.
Веќе со години не сум била на лекар, немам потреба. На пример, после театарската тешка шминка, нема подобар мевлем за одморање и освежување на лицето.
Важно е само да се користи квалитетен мед и маслиново масло, а најдобро е девственото – вели Амина.
Во секој случај, ова е многу евтин и лесен за правење производ, кој секое домаќинство треба да го има; неважно дали имате проблем со кожата, изгореници, брчки, дискус хернија, стомачни односно желудочни проблеми – секоја болест ќе биде извлечена на површина и отстранета – порачува глумицата.
Со сончогледово масло и мед ја „смирила“ здивената штитна жлезда.
Пред неколку години, додека работев на една претстава, зинав нешто да кажам на сцената… но, во тој миг занемев, а на сцената останав да стојам со отворена уста, без глас.
Мислев дека сум засипнала или дека е нешто минливо. Меѓутоа, лекарите установија дека станува збор за штитната желзда која отекла и ја блокирала можноста за говор.
Ништо од сето она што ми го препорачаа, не ми помогна. Бидејќи отсекогаш ја сакав и почитував алтернативната медицина, со сите сили се зафатив да пронајдам соодветен лек. Го пронајдов во сончогледовото масло.
Земав најобично сончогледово масло и еднаш дневно правев гаргара. Вака маслото низ устата и забите треба да се гаргари околу 15 минути, но не смее никако да се проголта!
Со свои очи можете да видите како од вас се извлекуваат токсините, маслото побелува а нешто така штетно не смее ни во умивалник да се исплука. Најдобро е да се исфрли во вц-школка и да се пушти вода, неколку пати!
Со тој метод си ја средив штитната жлезда, гласот се врати, отокот исчезна. Секако, паралелно со гаргарењето со сончогледово масло, го мачкав и вратот со кантарионово масло, а двапати дневно пиев измешан мед со кантарионово масло.
И лекарите останаа зачудени со моето брзо оздравување. Дури ги нормализирав и триглицеридите, кои ми беа трипати повисоки од дозволеното. Навистина, нема ништо подобро ни поздраво од природата.
Најдобра заштита од сонце
Повеќето луѓе на море погрешно ја штитат кожата така што на сува кожа ставаат маслиново или кантарионово масло.
Единствена сигурна заштита е да се намачкате кога сте мокри, значи да се натопите во вода, а потоа телото да го намачкате со масло. На тој начин ќе поцрнете рамномерно и нема да изгорите.
Одговорно тврдам дека ништо подобро не ја штити кожата од кантарионовото и маслиновото масло. Можете да ги мачкате и косата и лицето и остатокот од телото… –заклучува Амина.