Ако знаете како се вика овој десерт од 3 состојки, тогаш сте „дете на стара мајка“…Кремаст и вкусен…

Ова е традиционален македонски десерт кој всушност е турки, но е одомаќинет кај нас и го знаеме од памтивек.

Порано нашите баби многу често го приготвувале и бил еден меѓу основните десерти на кој најмногу им се радувале децата, а обично се подготвувал за празници.

За овој десерт не ви е потребен миксер, всушност и не се препорачува миксерот, бидејќи ќе се наруши потребната структура на смесата. Се приготвува од само три состојки: јајца, шеќер и млеко, а кој сака може да додаде и ванила за вкус.

Обично на еден литар млеко се ставаат 8 или 10 јајца во зависност од нивната големина, а шеќерот се мери со супени лажици и се ставаат онолку лажици шеќер колку што ќе ставите јајца.

Порано десертот се приготвувал директно во плехот во кој се печел, така што и немало валкање на садови, освен тој еден плех и виљушката или жицата-маталка која се користела за матење на јајцата и млекото.

Денес ќе ви го презентираме рецептот за „млечник“ како што се нарекува во повеќе македонски краишта, а некаде е познат и како „Кајмакчин“ или „Кајмачина“. Еве што ви е потребно за да го приготвите овој традиционален македонски десерт:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

8 јајца,
8 супени лажици шеќер,
1 литар млеко и
3 кесички ванилин шеќер (по желба).

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

Ако знаете како се вика овој десерт од 3 состојки, тогаш сте „дете на стара мајка“: Кремаст и вкусен, за кој не ви требаат заби, само лапни и голтни

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ: