Дали може една куќа да го разболи човекот? Да, може. Можеби е ова празноверие, но отсекогаш се сметало дека е лошо да се престојува во куќа која има лоша енергија или која е и самата болна.
Симптомите за лошо здравје се влошуваат кога еден човек престојува долго време во куќа со лоша енергија. Симптомите може да исчезнат кога човекот ќе ја напушти “болната куќа” или зграда.
Старите куќи, просториите со лоша вентилација, лошо осветлување, зграда на лошо место, премногу влажно или премногу суво подрачје, може да бидат штетни…
Постојат многу причини поради кои просториите може да станат штетни и опасни за човекот. Но, постои уште една причина поради која еден човек може да да се разболи во одредена куќа, а тоа е психолошката причина.
Доколку куќата нема добро осветлување или има лоша вентилација, полна е со влага и мувла, во неа може да се чувствувате многу лошо и таа може да биде опасна по живот.
Во “болна куќа” се јавува слабост, се појавуваат чудни алергии, главоболки, инсомнија или кошмарни соништа. Лицето кое престојува во вакви простории доживува физички непријатности а може да се појави и раздразливост.
Губитокот на сила и лошото расположение може да се претворат во депресија. Може да се развие и зависност од супстанции, лицето започнува да пуши или да пие за да се смири или како стимуланс за енергија. Но, сè се влошува… нема одмор и мир, се чувствува анксиозно и лошо.
Луѓето отсекогаш знаеле дека куќата може да заболи, а тоа да не е поврзано со мувла или лоша положба на куќата во однос на сонцето. Куќата може психолошки да влијае врз луѓето кои во неа престојуваат подолго време. А концептот на “проклета куќа” не е мистицизам, туку метафора.
Што сè може да “разболи” ваквата куќа?
Страшен или тажен настан кој се случил во неа. Не е ни чудо што купувачите сакаат да ја знаат историјата на куќата или станот. Злочинот или некоја болест може засекогаш да остане во ѕидовите на таа куќа.
Долготрајните кавги, скандали, несреќи кои ги прогонувале сопствениците, личните немири…Ако чувствувате слабост, раздразливост, главоболка, сува уста, умор на очите – тоа може да биде реакција на неповолно “ментално поле”.
Некој ја проколнал куќата или станот: На пример, станот бил неправедно присвоен, лишен од сопственост или некој од завист посакал зло или дури и нанел зло на куќата…
Постојат бројни причини зошто една куќа може да биде болна. Психолошките причини сè уште не се проучени, а како што не е проучена енергијата на мозокот, така и самиот мозок сè уште останува мистерија. Но, лошите простории навистина можат да ја исцрпат позитивната енергија од човекот и да ја претворат во лоша.
Главен знак дека сте живееле во “болна куќа” е дека вашата здравствена и психичка состојба значително се подобрува откако ќе ја напуштите таквата куќа.
Здравствената состојба се влошува колку подолго престојувате и живеете во “болната куќа”.