Секое оштетување на кожата многу лесно се забележува, па поради тоа изгледа доста грдо. Кожниот мебел не е нешто што можете често да си го дозволите и по кратка употреба да го замените со нов. Гребаниците и оштетувањата сте принудени да ги гледате уште долго време, додека да дојде време за купување на нов мебел.
Постојат реставратори кои доста успешно можат да го заменат оштетениот дел, но и таа услуга чини доста скапо, особено доколку станува збор за парче кое е едноставно незаменливо и мора да се купи нов материјал.
Понекогаш си мислите дека нема начин како да се ослободите од тие оштетувања и дека едноставно треба да земете нов мебел, а оштетниот да го фрлите?
Имено, постои еден трик со кој можете многу лесно да го отстраните сите оштетувања кои постојат на мебелот. Секако дека со овој фантастичен начин не може да се отстрани секакво оштетување, а особено она поголемото кога станува збор за исечени или напукнати места.
Овој трик делува за плитките оштетувања, но и оние поголемите помалку се забележуваат откако ќе се истретираат со следниот метод. Постапка:
На памучна крпа ставете малку маслиново масло и започнете да триете по оштетното место и тоа со лесни кружни движења на прстите. Правете го ова додека целосно да се впие маслото во кожата.
Набрзо ќе забележите како гребаниците полека стануваат невидливи, а мебелот станува сјаен и убав како тукушто да излегол од продавница. За да го исполирате на хартиена салветка ставете малку маслиново масло и повторно сè пребришете.
Трик кој го користат музеите: ослободете се од досадната прашина на подолг рок со помош на само една состојка
Решението всушност е многу евтино и едноставно. Нема ништо поиритантно од тоа кога ќе забележите дека повторно се таложи прашина врз површините, а тукушто сте ја средиле куќата и детално сте ја исчистиле.
Дали и вам ви се случило, за само 24 часа да забележите повторно прашина откако истата детално сте ја избришале?
Веројатно досега сте пробале повеќе начини за отстранување на досадната прашина, а ако му се верува на познатиот “Смитсонијан”, кој тоа го наведе на својот сајт, тајната состојка е глицеринот кој можете да го купите во повеќето аптеки.
Имено, не е доволно само да се исчисти прашината, туку и да се спречи таа да не се појавува барем некој период. Сè што треба да направите е да измешате 5 литри вода со 3 лажици глицерин, да натопите крпа во оваа мешавина и со неа да ги пребришете подовите, огледалата и мебелот.
Исто така, глицеринот е ефикасен и во елиминација на дамки од кафе или чај од облеката. На свежа дамка нанесете комбинација од кујнска сол и глицерин (во однос 1:1), а штом дамката избледи, облеката исперете ја на стандарден начин.
Со крпа натопена во малку глицерин може да ги истретирате изгребаните делови од кожната облека или мебелот. За детално чистење на прозорите се користи раствор од глицерин и етил алкохол во однос 1:10. Со овој раствор се пребришуваат прозорите. Повеќе корисни информации околу чистењето и отстранувањето на дамки, може да прочитате ОВДЕ (анг.ј.)
Зошто секоја домаќинка треба да има глицерин дома: КОРИСНИ СОВЕТИ
Можеби ќе се изненадите, но примената на глицеринот е многу голема, бидејќи може да ви помогне во најнеочекувани ситуации, да ви заштеди време, пари и нерви.
Со помош на глицерин можете да исчистите “тешки” дамки:
Дамки од бобинки може да исчистите така што еден час ќе го дрижте валканото место потопено во глицерин, а потоа ќе го исперете во солена вода! Многу лесно ќе ја исчистите сважата дамка од кафе или чај ако на извалканиот дел од облеката ставите смеса од глицерин и сол во однос 1:1. Штом избледи дамката, веднаш исперете ја на вообичаен начин, рачно или во машина.
Глицерин против прашина
Ако со глицерин го исполирате лакираниот дрвен мебел, па дури и огледалата, прашината нема да се таложи на нив.
Глицеринот ги обновува кожните работи
Ако кожната гарнитура со текот на времето се излитила (или јакна, чанта…), пребришете ја со глицерин. Можеби нема да и го врати првобитниот иглед, но ќе изгледа многу подобро и поново.
Ќе ви ги светне подовите
Ако дома имате паркет или ламинат, пребришете ги со вода и глицерин (2-3 супени лажици глицерин на 5 литри вода). Повторно ќе засјајат!
Глицерин за коса
Наједноставниот начин: Додајте неколку капки глицерин во шампонот при секое перење на косата и косата ќе стане послушна, мека и хидрирана. Глицерин може да додавате и во маските и пакувањата за коса. Оваа вискозна супстанција ги обновува влакната и ги хидрира.
Глицерин за раце
Во продавниците може да пронајдете креми за раце со глицерин. Исклучително се корисни, како за ладни, така и за врели денови. Зимно време ги штити рацете од студ, а летно време ја ублажуваат иритацијата и јадежот на кожата. Можете едноставно да ставите малку глицерин на проблематичните и суви делови од рацете или да направите бања за раце: неколку капки глицерин ставете во топла вода.
Глицерин за кожа на лице
Глицеринот одамна се користи во козметичката индустрија и покрај еволуцијата на различни компоненти во козметиката, и натаму е популарен меѓу произведувачите. Факт е дека поседува единствена способност – брзо ја впива влагата и долго ја чува.
Ако го нанесете на лице, кожата нема да го апсорбира, туку глицеринот ќе содаде невидлив “филм”/слој, кој привлекува микроскопски молекули од вода кои се наоѓаат во воздухот и со самото тоа ќе ја хидрира кожата. Ако живеете во место каде е ниска влажноста на воздухот, тогаш не го користете глицеринот или мешајте го со други креми.
Глицерин за пети
Глицеринот можете да го користите за нега на груба кожа на рацете, стапала и испукани пети. Рецептот е проверен и делотворен. После 10-тина денови ќе ги забележите фантастичните резултати! Вашите пети ќе станат розови, нежни и меки, а ноктите ќе добијат убав сјај.