Билките за кои не ви е потребно големо градинарско искуство и оние кои се нарекуваат „xит“ билки, бидејќи за нив нема потреба од нега и грижа, или билки кои едноставно се „неyништливи“, а со еден збор се нарекуваат „сукуленти“, како што се чини, сепак имаат своја „Ахилова пета“, нешто, што може да ги пов-реди.
Сукулентите се нарекуваат оние растенија кои имаат повеќе од вообичаените, задебелени и месести листови, каде што обично задржуваат вода и хранливи материи за да прежи-веат во суви климатски услови. Сукулентите растат во неповолни и суви услови, т.е. тие се ксерофити.
Зборот „сукулент“ доаѓа од латинскиот „sucus“ што значи „сок“. Околу 60 фамилии на растенија содржат сукуленти, како што се семејството кактус и алое. Сукулентите може да бидат во било која нијанса на зелена, сина, виолетова, розова, црвена и портокалова.
Сукулентите се генерално отпорни на штетници, подложни само на лисна вошка и грини. Сукулентите често се мешаат со кактуси (кактусите се сукуленти, но не сите сукуленти се кактуси). Кактусот се карактеризира со трње, кои се еволуирани лисја.
И покрај тоа што секојдневно слушате дека сукулентите се доста отпорни, едноставно немате среќа со нивното одгледување. Бидете уверени дека не сте единствени. Особено кога станува збор за лековитата билка чува куќа, која го носи епитетот „неуниш-тлица“.
Во случај да сте вознемирени со вашите неуспеси околу одгледувањето на сукуленти во вашиот стан или куќа, ви претставуваме кратки, но многу корисни совети кои ќе ви помогнат да го продолжите животот на вашите омилени растенија.
Постои една многу честа причина поради која најчесто чувар кучата би можело да се исуши, а тоа е – локацијата. Експертите за сукуленти од цвеќарницата Sage Market + Design објаснуваат дека за сукулентите е најважна локацијата. Различни сукуленти со различна боја, бараат различна локација.
Па така на пример, „Сукулентите со виолетова и портокалова боја преферираат да бидат на отворено. За нив одберете тераса или балкон, но никако темни простории. Сукулентите кои се многу зелени, поубаво успеваат во затворен простор“.
Дека местото на кое сте ги поставиле, не им е соодветно, ќе забележите по тоа што ќе започнат да го менуваат својот облик, да се издолжуваат. Тоа значи дека немаат доволно светлина и дека е потребно да им се промени позицијата.
Летно време им е потребно залевање за разлика од зимата. Помеѓу две залевања треба особено да се внимава земјата да биде целосно исушена. Ако премногу ги залевате, листовите ќе омекнат, ќе осветлат и пожолтат.
ЧУВАР КУЌА. Семпервивумот е најотпорен вид меѓу сукулентите. Освен во саксија, овој сукулент може да расте на камења, ѕидови, покриви и слично и многу лесно се одржува. Се одгледува во супстрат со добра дренажа, на места изложени на директно сонце (но само до 38°C, при повисоки температури може да дојде до негово ош-тетување) или во блага сенка.
Одлично поднесува сушни периоди, студена зима и ладна почва и бара умерено полевање. Во зима не преферира влажен супстрат, се полева само колку да не се исуши. Толерира ниски температури најмалку до -12°C, но во пократки временски интервали може да издржи и многу пониски.
Многу е важно да им се обезбеди сончева позиција во поголем дел од денот. Во текот на летото, некои видови ја менуваат својата боја во црвенкаста, доколку се изложени на директно сонце. Во летниот период, кога има недостиг на дождови, растението моеже да се залие со помала количина на вода.
Многу е битно, во текот на целата година да биде на отворено. Доколку во зимскиот период е изложен на ладно или топло, ќе дојде до деформирање на растението и издолжување на листовите.
ПРЕЗИМУВАЊЕ. Доколку во октомври месец не сте ги внеле вашите сукуленти и кактуси, време е да го направите тоа. Еве кои локации се најдобри за нив:
Доколку имате куќа, можете да ги задржите на скалите или ако сте во зграда и доколку станарите го дозволуваат тоа, можете да ги оставете во ходникот во станбената зграда во која живеете. Важно е дека просторот не треба да е студен и температурата не паѓа под 5°C.
Она што треба да се избегне е да се стави тегла директно на бетон – нека има некоја табла или полица помеѓу нив. Покрај тоа, важно е да не го менувате нивното место. Ако дури и на такви места почнат да пропаѓаат, причината може да биде честото отворање на прозорецот или вратата, преку кои влегува студениот воздух што им прави ш ок. Причината може да биде и фактот дека прозорецот покрај кој е сместен сукулентот/кактусот не дихтува баш најдобро и влегува студен воздух.
Друг битен фактор за успешно презимување на кактусите и сукулентите е сонцето. Ставете ги на прозорец или на сончево место, но малку подалеку од радијаторот, бидејќи може да ги исуши. Иако зимата е време на нивна хибернација, односно мирување, не заборавајте да ги залевате.
Правете го тоа на секои 10 дена со претходна проверка на супстратот дали е доволно сув. Како по правило, колку растението има подебели и побројни лисја, толку е потребно повеќе вода.