Ако грипот и настинката не поминат за кратко време и повторно се враќаат, за што е потребно околу 10 дена cтpoго мирување, намалениот имунитет е идеална основа за развој на бактерии и вируси, односно cyпepинфекции.




Постојаната кашлица е карактеристичен симптом на бактериска или вирусна инфекција на oргa-нитe за дишење, кои се придружени со густ секрет насобран во грлото, синусите и белите дробови, за-лепен на ѕидовите на нашите бронхии и е многу теш-ко да се исфрли.




Неколку корисни совети: Откријте ги најдобрите чаеви, сирупи и други природни лекови за искашлување на слузта кај деца и возрасни, кои лесно можете да ги направите дома.




Ако имате насобрана слуз во грлото и белите дробови, фитотерапевтите препорачуваат билни пијалаци кои поттикнуваат исфрлање на слузта и ја ублажуваат постојана кашлица. За да се ели-минира густиот и акумулиран секрет, се користат лековити билки како корен од бел слез, жалфија, ловоров лист и црна ротквица.

Alan Levine / Flickr.com




Сируп за возрасни-рецепт: Ставете 1 супена лажица сечкан корен од бел слез во 200 мл ладна вода и оставете да отстои поклопено 6 до 8 часа, па процедете го и испијте го во мали голтки. Пијте вака подготвен чај за искашлување на слузта, до двапати на ден, без шеќер, а резултатите нема да изостанат.

корен од бел слез




Бел слез, ленено семе и жалфија за исфрлање на слузта кај деца: Белиот слез во комбинација со ленено семе и жалфија се покажал како исклучително ефикасен природен лек за подобра екскреција на слузта кај деца и возрасни. Измешајте лажица корен од бел слез, лажица ленено семе и лажица сува жалфија.

НМД.мк




Прелијте ги билките со 250 мл вода во тенџере, а потоа додајте 100 г кафеав шеќер. Кога шеќерот ќе се раствори, додајте еден лимон добро измиен и исечен на парчиња. Варете на умерена температура 15 минути, а потоа тргнете од оган и процедете.

Конcyмирајте лажичка сируп 4 пати на ден додека да почувствувате подобрување. Сирупот за екскреција на слуз најдобро е да се чува во фрижидер.




Ротквица и црвен кромид: Ставете во блендер 250 мл сок од лимон, една полна чаша мед, еден црвен кромид со средна големина исечен на парчиња, шест чешниња лук и една голема црна ротквица, излупена и исечкана на парчиња.




Блендирајте додека да се добие хомогена смеса. Потоа претурете го напитокот во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер и оставете да отстои една седмица. По изминатото време, започнете со консумирање на овој сируп за кашлица трипати на ден, по една лажица, 30 минути пред главните дневни оброци.




Сируп од пиво од кафеав шеќер за искашлување на слузта од грлото: Во поголема чинија, истурете 150 г кафеав шеќер и загревајте го на умерена температура додека да се стопи и добие карамелна боја, а потоа додајте 500 мл пиво и варете 20 минути додека да добиете сируп со густина малку поретка од медот.

Тргнете го тенџерето од рингла и поклопете го да се излади, а потоа прелијте го сирупот во соодветна стаклена тегла и чувајте во фрижидер. Конcyмирајте по 1 супена лажица трипати на ден пред главните оброци.

Како да се олесни упорната кашлица – рецепт: Истурете три лажици ленено семе и 500 мл вода во емајлиран сад, а потоа варете на умерена температура 10 минути. Потоа додајте 1 лажица сува мајчина душица, и оставете поклопено уште 20 минути. Процедете и пијте голтка по голтка загреан чај неколку пати во текот на денот.