Од сите пореметувања на кои се изложени цревата, најзачестеното е хронична опстипација. Причината за болеста пред се’ лежи во недоволно движење и намерното запирање на повикот за празнење кога ќе се појави. Здравите луѓе еднаш или двапати се празнат во текот на 24 часа, што е одраз на нормална дефекација.

Се случува и зачестено чистење во текот на денот, но тоа не мора да биде знак за посебни пореметувања. Проблемите кои ги предизвикува опстипацијата не влијаат само врз телото туку и врз душевната состојба. Луѓето со опстипација се раздразливи. Ова е инаку болест од која најмногу боледуваат кои работниот ден го минуваат во седење и оние кои многу малку се движат.

ЛЕКУВАЊЕ

Со топла вода измијте 500 г суви смокви кои ќе ги ставите во 1 ½ литар вода да се варат околу 30 минути на тивок оган. Изладете па оваа течност пијте ја на секои 2 часа по 50-100 мл во текот на денот. Смоквите изедете ги.

Најдобри резултати се постигнуваат кога се готват 500 г суви смокви и 500 г суви сливи кои се варат во 3 литри вода. Оставете да врие додека да се намали течноста на 2 ½ литар. Пред и после јадење да се пие по 100 мл од течноста. Покрај тоа, се јаде по една супена лажица од свареното суво овошје. Преостанатиот дел од течноста, смоквите и сливите да се консумираат помеѓу оброци или во текот на следниот ден.

Количините од наведените состојки во лекот можат да биде сразмерно поголеми или помали, што зависи од степенот на заболувањето. За време на болеста потребно е да се јаде што повеќе јачмен и темнолистест зеленчук (по можност див, како што е зељето), кое се приготвува без запржување и добро разварено.

Многу е корисно да се консумира во неограничени количини свежи јаболка и сливи. Во недостиг на диво зеље, корисни се блитвата, спанаќот, зелката…а во сите јадења да се користи што повеќе црвен кромид.

Како лек против тврда столица се употребува и варена пченица и овес. Во 1 литар вода се става по 100 г овес и пченица да се свари. Се јадат како додаток на храна, а течноста се пие наместо вода. На изладената течност може да се додаде слаб чај кој се приготвува од еднакви количини на питомо нане и бела имела. За време на лекувањето на тврда столица, оброците мора да бидат мали а чести. Пациентот мора да се ослободи од престој во загушливи простории и да се ослободи од сите физички и психички напори.

Добро е слободното време да се минува берејќи лековити билки, работејќи во градината или на риболов. Се препорачуваат главно лесни задачи кои болниот ќе го отргнат од заморното секојдневие. Дозволено е да дневно да се испие по една чаша бело вино.