Дали често чувствувате силна, грчевита болка во долниот дел на стомакот? Дали секретот ви е засилен, со силен мирис и променета боја? Се случува ли на вашата долна облека понекогаш да гледате дамки од крв и тоа кога не сте во менструален период?
Не ги игнорирајте овие симптоми, туку правец на лекар, бидејќи може да имате “салпингитис”, воспаление на јајцеводите, што дури може да доведе и до стерилитет!
– Најчести предизвикувачи на овие инфекции се промискуитетот и сексуалните односи без заштита. Причината се бактерии, вклучувајќи стрептококи, стафилококи, гонококите, ешерихија коли, а чести инфекции се кламидија и микоплазма – вели д-р Славица Васиљевиќ, гинеколог акушер од гинеколошката ординација “Мерида”.
Се разбира, дијагнозата може да ја постави само гинеколог, со преглед и лабораториски анализи.
-Салпигитисот се третира со антибиотици и аналгетици. Во случај на инфекција со кламидија и микоплазма, ние мора да бидеме сигурни дека се третира и партнерот, а доколку инфекцијата се повторува неколку пати, препорачувам партнерот да направи спермокултура и уретрален брис.
Ако “салпингитисот” се дијагностицира на време, прогнозите за лекување се одлични, но ако не се лекува, речиси сигурно доведува до стерилитет – вели д-р Васиљевиќ.