Ова е рецептот кој го барав долго време, а сега го имам веќе 6 години и редовно ја правам најомилената торта. Mи беа потребни години на тестирање за да дојдам до совршениот рецепт за оваа чоколадна торта. Овој рецепт е направен со голема внимателност на состојките: ова е најневеројатната чоколадна торта досега.

Ако сте јаделе некогаш чоколадна торта, тогаш знајте дека оваа е уште почоколадна, бидејќи е посочна и има совршена текстура. Толку е лесно да се направи, користејќи само еден сад за тестото и секој може да ја приготви. Еве што ви е потребно:

450 г сенаменско брашно, 650 г шеќер, 155 г незасладено какао во прав, 17 г сода бикарбона, 8 г прашок за печење, 11 г сол, 4 големи јајца, 350 мл густа путер-матеница или сурутка, 350 мл топла вода, 115 мл растително масло, 10 мл екстракт од ванила. Доколку мерите во чаши, тогаш следете ги следните мерки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 3 чаши бело брашно, 3 чаши кристал шеќер, 1 1/2 шолји незасладено какао во прав, 1 лажица сода бикарбона, 1 1/2 лажичка прашок за печиво, 1 1/2 лажичка сол, 4 големи јајца, 1 1/2 чаши матеница/сурутка, 1 1/2 шолји топла вода (или сварено кафе), 1/2 чаша растително масло, 2 лажички екстракт од ванила.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМОТ: 1 1/2 чаши омекнат путер (340 г), 230-250 мл крем сирење , 1 1/2 шолји незасладено какао во прав (155 г), 3 лажички екстракт од ванила, 7 чаши шеќер во прав (околу 900 г или по вкус), околу 1/4 чаша млеко по потреба (50-60 мл).

ПОСТАПКА: Пуштете рерната да се загрева на 180 степени. Во меѓувреме, земете еден калап со средна величина (20-23 см), најидеално е ако имате челичен сад. Премачкајте го со малку путер на дното и страните и наросете го со брашно, а бидејќи тортата е чоколадна, најдобро е да се нароси со какао во прав (вишокот истресете го).




За кората: во еден подлабок сад ставете го брашното, додајте го шеќерот и незасладеното какао. Потоа додајте 1 лажичка сода бикарбона, 1 1/2 лажичка прашок за печиво и сол. Измешајте ги сувите состојки, па започнете да ги додавате влажните состојки.




Во смесата измешајте 4 јајца, 1 1/2 чаша путер-матеница/сурутка, 1 1/2 шолја топла вода (може да биде и инстант кафе за подобар вкус), па на крајот додајте го маслото, заедно со екстрактот од ванила. Со помош на миксер инкорпорирајте ги влажните состојки во сувите, додека да добиете фина, мазна и еднолична смеса која нема да има грутчиња.




Не претерувајте со матење. На крајот промешајте ги состојките со шпатула за да се осигурате дека сите состојки се добро измешани. Смесата поделете ја на три еднакви делови за да се добијат 3 чоколадни кори. Ако повеќе калапи со иста величина, можете сите кори да ги испечете одеднаш, а можете и една по друга.

Кората се пече на самиот центар од рерната каде што топлината еднакво ќе ја испече секоја кора. Тортата се пече на 180 степени, околу 30-35 минути во тава со пречник од 23 см. По печењето, корите се оставаат да оладат на решетка минимум 10 минути.




За кремот може да користите било каков фил по ваша желба. Ако имате омилен може да си го направите тој крем и со него да ја филувате тортата, или да го прочитате следниот чоколаден крем кој совршено одговара на овој вид торта.

За кремот: Во подлабок сад ставете го омекнатиот путер, па потоа додајте го крем сирењето (најдобро филаделфија или маскарпоне). Со миксер, изматете ги состојките, па кога смесата ќе стане мека, додајте го какаото. Засладете со 3 лажички екстракт од ванила и повторно измиксајте.




Во смесата се додава и малку млеко, а по потреба може да додадете повеќе. На крајот додајте го шеќерот во прав и измиксајте. Млекото се додава по потреба според количината на шеќерот која сте ја додале, за да добиете конзистентност на густ крем кој дополнително ќе згусне и откако ќе се излади во фрижидер.




Откако го подготвивте кремот, филувајте ја тортата, кора по кора и премачкувајте сосе третата кора, а потоа и целата торта, од страните. Тортата е најдобро да отстои во фрижидер минимум 4 часа за да биде уште повкусна. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.