Еден од најпопуларните напитоци во целиот свет, па и овде кај нас на Балканот е секако кафето и голем број луѓе не можат да си го замислат почетокот на денот без неколку голтки од овој напиток.
Многумина тврдат дека не можат да го започнат денот ниту да функционираат како што треба ако веднаш наутро не се напијат шолја кафе. Голем број луѓе на некој начин се зависници од овој напиток, па го пијат неколкупати во текот на денот, а некои дури и до десет шолји дневно.
Е сега, се поставува прашањето, дали кога го варите кафето или можеби чајот, имате обичај во ѓезвето или бокалот да ставите топла вода директно од бојлерот за да го забрзате процесот на загревање?
Доколку и вие го правите тоа како што се покажало кај многумина од истражувањето, експертите од Американскиот Истражувачки Центар за исхрана и биотехнологија, веруваат дека правите голема грешка.
Имено, тие сметаат и напоменуваат дека за приготвување на кафето и било кој друг напиток или храна , секогаш е најдобро на почетокот да се користи ладна вода. Еден од експертите кој работел на ова истражување за медиумите открил неколку работи:
„Квалитетот на топлата вода од бојлерот е полош, оваа вода не е за пиење. Првенствено е наменета за перење алишта, садови и сè останато, односно тоа е „техничка“ вода. Храната или што и да е друго што го внесуваме во нашиот организам треба да се мие со ладна вода.
Сепак, топлата вода од бојлерот не можеме да ја наречеме дека е „о-тро-вна“, во неа нема калиум цијанид, но секако е попрепорачливо да се готви храната во ладна вода и исто така, ладната вода да се користи за приготвување на чај, кафе, супи, варива и други топли напитоци и јадења.
Како се вари право македонско кафе – постапка и приготвување
Тоа е нашето традиционално македонско кафе кое е омилено во сите земји од Балканот и кое уште се нарекува “турско кафе” и се разликува од останатите видови кафиња. Тања има подготвено рецепт со подготовка и објаснува како точно се вари кафето во Истамбул, Турција.
Според овој специјален начин на варење, црното кафе ја ослободува сета своја примамлива арома и вкус, а притоа не е горчливо. Ова секако зависи и од квалитетот на кафето, бербата, печењето и складиштењето на кафето, но, сепак, треба да се знае и како правилно да се приготви.
За да го приготвите кафето, потребно ви е ѓезве во кое ќе се вари, шолја (филџан) за кафе, ладна вода и кафе. Значи, наполнете ја шолјата со ладна вода која ќе ви биде мерка (колку шолји кафе ќе варите, толку шолји вода ќе наполните во ѓезвето) и истурете ја во ѓезвето.
Ѓезвето ставете го на рингла на шпорет и ставете ја да се загрее на умерена температура, односно, на седмица од девет. Веднаш во ладната вода ставете една полна кафена лажичка мелено кафе. Во конкретниот случај, за две кафиња ставете две шолји вода и две лажички кафе.
Многу е важно на самиот почеток варењето да го започнете со ладна вода, а не како што многумина прават со врела вода, бидејќи на тој начин кафето нема доволно време да ги ослободи своите ароми, бидејќи брзо ќе запени и ќе остане „недоварено”. На тој начин не го дава својот полн вкус.
Исто така, кога ќе се додаде меленото кафе во ладната вода, тоа испливува на површината и потешко се потопува, за разлика од топлата вода, каде веднаш се потопува и растворува. Но, бидејќи кафето сварено во ладна вода е поубаво, потребно е цело време да го мешате.
Мешајте го постојано додека убаво да се натопи и секоја честичка од меленото кафе да набубри и да ја прими водата во себе. Мешајте го додека да се појави пена. На овој начин ќе обезбедите потполн вкус и арома на кафето, а тоа нема да има горчлива нота.
Значи, потребно е навистина добро и постојано да го мешаме кафето (додека да се појави пената), а овој чекор многумина го прескокнуваат. Едноставно ставаат вода во ѓезвето, додаваат кафе и чекаат тоа самото да пропадне и запени, додека да започне пената да расте нагоре или истото го прават одеднаш, на многу врел оган.
И толку. Меѓутоа, на тој начин кафето го нема оној вистинскиот мирис кој би требало да го испушти со своите ароми. Кафето е утрински ритуал во кој сите најмногу уживаме, но како да сме заборавиле како навистина се прави овој топол напиток.
За сите оние што пијат засладено кафе: шеќерот никако не се става сега, туку дури откако ќе го сварите кафето. Секој си додава онолку шеќер колку што сака во шолјата во која ќе се стави кафето. По некоја минута шеќерот сам ќе се растопи од топлината, а вие доволно е само малку да промешате со лажичката.
На овој начин кафето малку подолго се вари, но затоа ќе добие тотално поинаков вкус. По некое време ќе забележите дека се формирала пена на површната, па престанете со постојаното мешање и само повремено промешувајте.
Пред крај засилете го огнот за да може кафето да проврие. За неколку минути ќе забележите како се формира густа пена на површината. Некаде после 3-4 минути од почетокот, ќе забележите дека започнува да испарува водена пареа. Повремено малку промешајте го.
Некаде после 5-тата минута од варењето ќе ги забележите првите меурчиња на површината, што е знак дека кафето е при својот крај и дека е сварено. Измешајте го уште еднаш и тргнете го од ринглата. Тоа е тоа.
По една лажичка од „кајмакот” односно од густата пена која се формирала на површината, ставете во секоја шолја, по потреба додајте шеќер, а потоа турете го кафето внимателно и уживајте во неговиот вкус. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.