Лукот е моќен антибиотик и антиоксиданс, со што го штити вашиот стомак од инфекции и болести. Треба да го изедеме пред да започнеме да јадеме што било друго, односно, не треба да постои друга храна во желудникот за да не се измешаат други состојки со оние на лукот, и на тој начин да го намалат неговото дејство.
Имено, лукот е најлековит и има најголеми ефекти кога се јаде на гладно, без мешање на друга храна. Здравствените бенефити на лукот се многубројни. За сите оние кои се жалат на висок кр-вен притисок, ова е најлесниот и најбезбедниот начин да го одржите вашиот кр-вен притисок под контрола.
Најдобро од сè, го земате еднаш дневно и нема никакви несакани ефекти како што е случај со разни лекови. Воспалението од секаков вид може да се спречи и излечи со лук. Оние кои страдаат од артритис можат да имаат огромна корист од лукот.
Кон-сумирањето лук на празен стомак не само што ќе ви помогне во бор-бата против симптомите на артритис, туку и против б олката поврзана со него. Оваа чудесна билка ве штити од габични инфекции, брада-вици, бактерии и сите други разни инфекции.
Во случај веќе да имате некое воспаление, односно некоја од овие инфекции, земете лук еднаш дневно и ќе се чувствувате многу подобро за неколку дена. Слабиот имунолошки систем денес е честа појава.
Поради падот на имунолошкиот систем, често се јавуваат настинки, грип, назални алергии и посериозни болести. Кога вашиот имунолошки систем е силен, тој е во состојба да ве заштити.
Лукот ви дава сила. Едно чешне лук има 12 мг калиум, 5 мг калциум и 100 соединенија на сулфур. Лукот е многу добар за белите дробови. Ќе ви помогне во превенцијата и третманот на органите за дишење.
Може дури и да спречи пневмонија, бронхитис, отежнато д ишење, кашлање и многу повеќе. Безбедно е да јадете по едно до две чешниња дневно, а постепено можете да ја зголемите количината до четири чешниња дневно.
Лукот содржи селен кој одлично му помага на црниот дроб да го одржи во добро здравје, но поголеми дози од тоа во континуитет би можеле да наш.тетат.
Исто така, кон-сумирањето на поголеми количини лук во подолг период може да доведат до подување на стомакот и други стомачни проблеми, дијареа, лош здив како и лош мирис на телото.
Бидејќи честопати нашите читатели ни пишуваат и го бараат рецептот од познатото Охридско макало, и овојпат, ќе ја објавиме постапката за негово приготвување. Доколку имате некој свој рецепт поврзан со лукот, споделете го во коментар со читателите на НМД.
РЕЦЕПТ ЗА ОХРИДСКО МАКАЛО – НАМАЗ ОД ЛУК
Во нашата група „НМД рецепти“ еден од омилените рецепти е токму оној за намазот од лук, попознат како „Охридско макало“. Совршено одговара како додаток со печена риба, но и со било кое друго јадење. Толку е вкусно што дури може и „така“ да се јаде или да се мачка на леб.
За првпат во нашата група рецептот го промовираше нашата драга членка Ленче Георгиева која детално ја објасни постапката. Нејзиниот рецепт го испроба нашата драга Марика Миниќ и беше воодушевена и презадоволна од резултатот. Таа напиша:
„Ленче Георгиева, ти благодарам за рецептот за Охридско макало. Излезе многу убаво како мајонез…густо и многу вкусно. Го приготвив на следниот начин: 4 главици лук се чистат и се ставаат во блендер. Во лукот се додава 1 лажичка сол и 150 мл врела вода.
Се блендира да се изедначи, а потоа постепено малку по малку се додава 500 мл масло за готвење. Со миксер треба добро да се изработи (малку подолго време). На крај се цеди половина лимон, а сокот исто така се додава постепено додека постојано се мати“, објасни Марика.
Во продолжение прочитајте го оригиналниот рецепт за Охридско макало на Ленче Георгиева, и уште еден, сличен начин на подготовка на ова макало. Доколку и вие сте љубители на ваквите намази, не двоумете се и направете го овој деликатес. Потребно е само да бидете трпеливи со матењето…
Охридско макало или намаз од лукче, толчени ореви и оригано, вкусно и незаменливо за љубителите. Фотографии и рецепт на Ленче Георгиева-Михајлова – Охридско макало.
Овој рецепт ни го презентираше нашата драга членка Ленче Георгиева-Михајлова во групата НМД рецепти и ни откри како се приготвува оригиналното Охридско макало. Посно и многу вкусно макало за сите љубители на лукот. Одлично одговара со интегрален леб или во комбинација со риба и други јадења. Кој пробал-знае!
Потребни состојки: 4 главици лук, 1 лажичка сол, 150 мл вода, 500 мл масло, ½ лимон – сок. Додатоци: печени и толчени ореви, оригано, сечкани маслинки
Постапка: лукот убаво исчистете го, а потоа ставете го во блендер заедно со една лажица сол и 150 мл вода, па убаво сомелете го. Може и да се истолчи. Потоа постепено, капка по капка, во многу тенок млаз се додава 500 мл масло и сок од половина лимон. Постепено се обработува/блендира додека да се згусне, за што е потребно доста време.
На крај добиената смеса по желба можете да ја поделите, па во едниот дел да додадете печени толчени ореви, а во друг дел да ставите оригано или ситно сечкани маслинки. Сличен намаз на охридското макало е и либанското макало наречено Тоум, а кое ни го претстави Билјана Ристиќ, за кој таа напиша:
“Моите три најдобри другарки и јас сакавме кога ќе се најдевме заедно да одиме во либанскиот ресторан. Некако вкусовите ни беа блиски на нашите традиционални јадења и за секого може нешто да се најде. Разно мезе, многу освежителни салати со неизбежните ражничи, разни пити и лебови и многу смеење со чаша квалитетно вино, ми го стоплува срцето.
Еден од омилените сосови е и либанскиот сос од лук бидејќи морам да признам дека сум голем потрошувач на истиот. Па така, кога сакам да бидам асоцијална – потегнувам по теглата со овој бел крем.
Практично е што може да стои во фрижидер 3-4 месеци и да го замени лукот во речиси секаква пригода. Најмногу одговара со риба на скара, зеленчук, сремско сирење, разни дресинзи, месо на скара, брускети и останати печива… добиваат посебна нота доколку нанесете лажичка од овој крем”.
Потребни состојки: 3-4 главици лук, 1 лажичка сол, ½ лимон сок, 3-4 шолји (од 200 мл) неутрално масло
Постапка: излупете го лукот и оставете го половина час во ладна вода за да не биде сосот многу жесток. После тоа процедете го лукот од водата, додадете лажичка сол.
Изблендирајте го лукот додека да се добие хомогена смеса (како на фотографијата). Потоа со супена лажица полека наизменично додавајте го маслото и лимоновиот сок, блендирајќи ја смесата помеѓу додавањата.
Полека се добива емулзија како при приготвување на мајонезот. Полека додадете го и остатокот од маслото додека да постигнете кремаста бела структура. Префрлете го сосот во тегличка која ќе ја чувате во фрижидер и првиот ден покријте ја со хартиена салветка или памучна крпа. Следниот ден затворете ја со капак.