Со зголемените масти во крвта или високо ниво на лошиот холестерол, голем број луѓе се соочуват во современиот свет поради брзото темпо на живеење, но и поради генетска предиспозиција, Овој сируп се покажал како многу ефикасен за брза елиминација на зголемениот холестерол.

За да го приготвите сирупот ќе ви бидат потребни само неколку состојки.

фото: Илустрација

Потребни состојки:

1 кг лимон со кора
5-6 китки магдонос
3 литри вода
1 кесичка сода бикарбона

Постапка:

Лимонот добро измијте го во ладна вода и истријте ја кората. Потоа исечете го на половинки или четвртинки, извадете ги семките и ставете го во претходно загреана топла вода со кесичка сода бикарбона и исечкан магдонос.

Гответе на многу тивок оган од 2 до три часа, оставете поклопено да отстои додека да се олади, а потоа процедете го и добро истискајте преку газа.

Би требало да добиете 1,5-2 литри сируп. Се пие секое утро на празен стомак, а мерката е една полна ракиена чаша. Оваа доза е доволна за 15 дена, со редовна секојдневна консумација. Потоа се прави пауза од десет дена, па по потреба се повторува постапката.