Болката во вратот убива повеќе отколку ракот, предупредува познатиот доктор Шишонин и советува на кои работи најмногу треба да се обрати внимание.

Вежбите кои тој ги препорачува се проследени со посебен режим на исхрана. Само овој тераписки “пакет” кој опфаќа терапија-вежба-диета, може да ви овозможи да се чувствувате здраво!

КОЈА Е ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗА БОЛЕСТА?

Факт е дека со текот на годините се менуваат вратните прешлени кај луѓето. Ова предизвикува многу проблеми. На пример, некои нервни завршетоци се под компресија. Потиснати се и крвните садови кои го исхрануваат мозокот.

Кислородот престанува да навлегува во мозкот што предизвикува висок крвен притисок. Капиларите постепено се оштетуваат, бидејќи и тие недоволно се снабдуваат со крв. Затоа хипертензивните пациенти најчесто имаат ладни нозе, снабдувањето со крв во екстремитетите е многу оскудно.

На крај, доколку нешто навремено не се преземе, доаѓа до откажување на органите. Прво страдаат бубрезите. За да се одржи притисокот во организмот, бубрезите престануваат да ја излачуваат водата. Како резултат на тоа, се менува биохемијата на крвта. Се зголемува нивото на глукоза во крвта. Нема повеќе резерви и на крај доаѓа до мозочен удар.

Но, не грижете се. Постои едноставно решение. Потребно е само да се ослободите од притисокот, а тоа може да се направи без употреба на лекови.

Најчестиот виновник за овие проблеми е прешленот наречен атлас. Тој е првиот прешлен во ‘рбетот кој трпи огромно оптеретување. Поради него се јавува остеохондроза.

Според докторите, симптомите кај голем број пациенти се исти: Во текот на спиењето и после будењето се чувствуваат ужасно. Потоа состојбата во текот на денот се подобрува. Тоа е поради фактот дека луѓето спијат на перница во положба со која се притиска овој прешлен.

По станувањето, состојбата се подобрува бидејќи прешленот колку-толку се ослободува и враќа во нормала. Ако исправената положба не носи олеснување, тоа би можело да предизвика мозочен удар, односно тешка хипертензивна криза.

Според д-р Шишонин не постои дијагноза “хипертензија”, бидејќи самата состојба е поврзана со дислокација на првиот прешлен.

За да го отпуштите, мора да правите вежби (вежбите на д-р Александар Шишонин можете да ги најдете на јутјуб каналот). Проблемот мора да се решава систематски, со користење на гимнастички вежби кои ќе овозможат раздвојување на ‘рбетните прешлени.

Вклештувањето на првиот прешлен, атласот, предизвикува бројни болести како што се:

-остеохондроза;
-дискус хернија:
-спинални тумори;
-окципитална невралгија.

Што може да помогне?

За да се надминат тегобите, потребно е и изведување на гимнастички вежби особено за вратниот дел на ‘рбетот. Ова ќе помогне во нормализирање на крвниот притисок и капиларите.

Вежбите може да се изведуваат самостојно. Меѓутоа, ако не дојде до подобрување во рок од еден месец, потребно да се обратите за помош кај стручно лице за да се открие причината и да се спроведе тераписко лекување. Исто така, лекарот може да препише и професионална масажа.