Отстранувањето на срамни влакна од интимните зони на телото бара посебна нега и вештина, бидејќи во спротивно може да се појават бројни инфекции, иритација, но и исеченици. Ова особено важи за најинтимните делови од телото кои се многу нежни.
Во продолжение ви откриваме пет правила на кои мора да се придржувате доколку сакате да имате нежна, мазна кожа без иритации.
ОДБЕРЕТЕ ДОБАР БРИЧ
Првата работа што треба да ја направите е да инвестирате во добар брич. На пазарот постојат бројни бричеви специјално наменети за жени. Одберете еден кој е така дизајниран што овозможува движење и кој поседува повеќе ножеви за олеснето и побрзо бричење.
ПОДГОТВЕТЕ ЈА КОЖАТА
Пред бричење дезинфицирајте го бричот и на бикини зоната нанесете пена или гел за бричење. Ова ќе го олесни и омекне бричењето. Кога одбирате пена или гел, определете се за хидрантна формулација за да може бричот полесно да лизга по кожата.
СЛЕДЕТЕ ГО РАСТОТ НА ВЛАКНАТА
Не се бричете во спротивен правец од растот на влакната, бидејќи на тој начин се предизвикуваат иритации, како црвенило и акни. Значи, следете го растот на влакната додека се бричете.
ВЕДНАШ ИСПЕРЕТЕ ГО ГЕЛОТ И ВЛАКНАТА ОД КОЖАТА
После бричење веднаш со вода исперете ги остатоците од пена или гел од кожата. Можете да користете антисептички гел или гел против црвенило на бикини зоната. Водете сметка да не содржи вештачки бои и мириси.
НАНЕСЕТЕ ХРАНЛИВ КРЕМ ИЛИ ЛОСИОН
Секогаш е добро после бричењето да нанесете хидрантен крем за да ја нахраните кожата. Исто така, одберете лосион без мириси и алкохол кој ќе можете едноставно да го нанесете, со што ќе се одбегне сушење на кожата и нејзино пукање и перутање.