Дали некогаш сте се запрашале како природно да ја офарбате својата коса? Верувале или не, но и тоа може кога се користи кана за коса. А еве на кој начин.
Кога станува збор за фарбите за коса, главно се споменуваат како фактор кој треба да се одбегнува, бидејќи ј оштетуваат косата. Тоа не е далеку од вистината, особено ако сакате својата коса да осветлите и кога ќе посегнете по бланшот.
Во последно време природната козметика е се попопуларна и се повеќе сме информирани за нејзините предности. Доколку и вие сте склони на овој тренд, сигурно во некој момент сте се запрашале дали постојат и природни фарби за коса и кои се тие.
Тука не спаѓаат оние на кои пишува дека содржат екстракт од арган, маслиново масло, авокадо, дијаманти или било што друго… во суштина, станува збор повторно за хемија. Говориме за целосно природен начин за промена на бојата на косата – искуство кое може да ви понуди каната.
Како се добива оваа фарба? Дали каната е билка?
Каната е назив за фарба која се добива од билката Lawsonia inermis. Нејзините листови се сушат, мелат и претвораат во прав и како таков се користи за фарбање на косата или за привремена тетоважа на телото.
Билката од која се добива каната не е иста со билката Canna Indica која се користи како украсна градинарска билка. Листовите на оваа билка немаат својства да ја менуваат бојата на косата.
Листовите на Lawsonia inermis не оставаат никаква трага доколку се неоштетени. Меѓутоа, ако ги скршите или сомелете, испуштаат молекули на хенотанинска киселина која има портокалово – црвен пигмент и која е заслужна за боењето на косата.
Ова е билка која расте во облик на помало дрво, во топли тропски краишта каде температурата не оди под 11 степени целзиусеви. Температурата под 5 степени може да ја убие оваа билка. Значи, во нашите краишта не може да се одгледува.
За среќа, доколку сакате да ја испробате оваа природна фарба, достапна е на пазарите во облик на прав. Идеална е за оние кои сакаат да ја опорават својата коса на природен начин.
КАКО СЕ КОРИСТИ КАНАТА?
Кога ќе го направите своето пакување за коса, ќе се уверите дека каната не е како другите фарби за коса. Наместо туби и хидрогени, во вашето пакување ќе најдете само фин зеленкаст прав.
Прв чекор: растворете ја каната.
Правот од каната можете да го растворите во обична вода, но за да го зголемите нејзиното хранливо дејство, додадете лимонов сок, јајце или некое квалитетно масло (рицинусовото масло е одлично за подобрување на растот на косата).
Овие состојки (правот и течната компонента по избор) измешајте ги така да добиете смеса во облик на густа паста. Обично на ½ од дозата на каната се додава ½ вода или чај или некоја друга течна состојка.
Кога каната за коса ќе се раствори, потребно е да ја прекриете со фолија и да ја оставите најмалку 12 часови да отстои, за да можат молекулите да го дадат својот максимален ефект.
Со други зборови, фарбањето на коса со кана, планирајте го еден ден порано.
2.Чекор: заштитете се од дамки
Како што споменавме претходно, овој начин на фарбање може да направи неред, па добро е да преземете нешто за да се заштитите. Добра е идејата да ја користите кадата кога ќе нанесувата кана, но ако не сте во можност, постелете на подот околу вас весници и облечете стара облека. Дамките кои ќе се направат од кана, тешко излегуваат.
Покрај тоа што ќе ги заштитите работите околу себе или својот под, заштитете го и своето лице. Каната е позната по тоа што се користи за привремени тетоважи и претставува дел од индиската традиција која опфаќа разни бележења по телото. Тоа значи дека кожата доста добро ја впива.
Затоа, заштитете го челото и лицето така што ќе нанесете слој од некое природно масло или некој масен крем кој ќе созададе природна бариера помеѓу кожата и каната за коса. Исто така водете сметка и за своите раце, па не ја користете каната без заштитни ракавици.
3.Чекор: измијте ја косата
Каната е најдобро да се аннесе на чиста коса, која нема честички од прашина, нечистотија, остатоци од некој лак или гел за коса и слично. Затоа исперете ја косата и потоа исушете ја. Користете само природни шампони, зошто штетните хемиски состојки може да влијаат врз резултатот со фарбањето на косата.
Не ставајте регенератор за коса, бидејќи некои состојки кои ги содржат, како што се на пример силиконите, можат да направат бариера на самото влакно и да го спречат рамномерното продирање на фарбата во косата.
4.Чекор: нанесете ја каната на коса
Пред самото нанесување неопходно е да ја расчешлате косата и да направите патец на средината. Потоа проверете ја пастата што сте ја направиле. Ако ви се чини за премногу густа, внимателно додадете уште малку вода. Внимавајте да не претерате, бидејќи ако е премногу ретка, ќе ви тече низ врат.
Како се нанесува каната?
Земајте прамен по прамен. Започнете од позади, земете прамен со дебелина од 5 см од врвот на вашиот тил. Добро нанесете ја смесата а потоа праменот врзете го во мала пунџа и залепете го за главата – доколку не стои, употребите шнола.
Потоа преминете на следниот прамен со иста дебелина, веднаш до првиот и повторете ја постапката. Кога ќе завршите со горниот слој прамени, преминете на долните слоеви од косата и така се4 до крајот.
-
Чекор: Покријте ја главата со фолија и оставете каната да делува
Ова веројатно е најтешкиот и најдосадниот дел од целата постапка. За добро да продре во самото влакно, каната треба добро и доболно долго да отстои на косата. Исто така, подобро делува кога ќе остане влажна отколку кога ќе се исуши. Затоа е потребно косата да се завитка во пластична фолија или да се прекрие со пластична капа за туширање. На тој начин ќе се одржи и влажност и топлина кои се неопходни за успех на третманот.
Каната за коса треба да се држи доволно долго, најмалку два часа, а најдобро е шест.
-
Чекор: измијте ја каната.
Со оглед на тоа што каната не е совршено мазна смеса како што е фарбата за коса, туку ситно сомелени лисја, може малку да биде тешко кога ќе се одмива од косата.
При првото испирање не користете шампон за коса, туку само вода. Косата веќе ви е измиена пред третманот. Триењето и правење пена само дополнително ќе го отежне испирањето. Доколку некои честички упорно останат заглавени во вашата коса, обидете се со регенератор кој ќе помогне полесно да излезат од влакната.
Каната е трајна боја за коса. Тешко се испира и потоа тешко можете да се префарбате во посветла нијанса. Таа одлично ги прекрива белите влакна, но ако не сте задоволни од резултатот, можете да се префарбате само во некоја потемна нијанса. Но и тогаш ќе имате црвен отсјај.
Иако е трајна, каната не покрива рамномерно и нејзиниот краен резултат најмногу зависи од нејзината подлога. Со други зборови, ако подлогата е шарена (ако претходно сте биле шатирани) и резултатот ќе биде нерамномерен и шарен.
КАНА ЗА КОСА И НЕЈЗИНИ НИЈАНСИ
Основната нијанса се протега од портокалово – црвенкаста, то кафеава со црвенкасти тонови.
Која точно нијанса ќе излезе, зависи од тоа колку е светла подлогата која ја ставате. Две различни глави ќе добијат две различни бои за коса.
Доколку не сте сигурни дали резултатот ќе ви се допадне, најдобро е прво да ја тестирате каната за коса и нејзините ефекти на некој помал, внатрешен прамен.
Покрај основната црвенкаста, постојат и следните нијанси:
-црна кана за коса (се добива од билката Индиго)
-кафеава кана за коса ( со какао или кафе)
-плава (блонди) кана за коса (содржи хемиски додатоци)
-неутрална кана за коса (се добива од билката Cassia obovata)
ПРЕДНОСТИ НА КАНАТА
-го одржува здравјето на скалпот
-ја подобрува и ја јакне текстурата на косата
-спречува опаѓање на косата
-може да се користи неограничено многу пати.
НЕДОСТАТОЦИ НА КАНАТА
-не може да се префарбува косата доколку не сте задоволни, освен со потемни нијанси од претходната. Не се испира. Единствен начин да се ослободите од неа е да ја ишишате откако ќе ви порасне нова коса.
-процесот на фарбање со кана е долготраен процес. Додека обичната фарба се чува на коса 30-45 минути, а каната се потребни најмалку два часа и дополнително има опасност да ви протече низ врат.
-ако ставате црна кана врз плава коса, ќе добиете зелени тонови.
ИСКУСТВА СО КАНА
Природна нега на косата, фарбање со природна боја која не го оштетува влакното…. тоа звучи навистина добро. Премногу добро за да биде вистинито.
Искуствата со кана и не се толку пријатни, затоа што сите сакаме брзи и ефектни резултати. Ако очекувате драматичен резултат и видлива промена, секако ќе бидете разочарани.
Каната не е за оние кои сакаат да експериментираат со својата коса.
Меѓутоа, доколку имате трпение и сакате природно да ја негувате својата коса, топло ви советуваме да ја пробате. Одлична е! Не очекувајте чуда и ќе бидете задоволни со она што каната може да ви го овозможи.