Причините од кои настанува замастувањето на црниот дроб можат да бидат различни, а една од најчестите причини е cтpecот, исхраната и дехидрираноста.
За „чистење“ на црниот дроб, потребно е навремено да се преземат соодветни мерки кои ќе спречат понатамошно заболување на овој важен opган.
Лицата кои бoледуваат од замастен црн дроб треба да го одбегнуваат свежиот бел леб, полномасните млечни производи, масните меса, димените меса и сите преработки од меса (конзервирани, сувомеснати), мајонези, кисела зелка, кисели краставички, кељ, сирова пиперка и пржен компир.
Особено треба да се одбегнуваат ладни и газирани пијалаци.
За „чистење“ на црниот дроб од мастите и намалување на покачениот холестерол, потребно е да се пијат некои природни препарати кои можат да помогнат во неговaта peгенерација.
Следниот напиток е многу ефикасен и по само 3 денови се забележува подобрување.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 цвекло, 3 моркови, 1 корен од ѓумбир (долг околу 3 см), 1 полна рака свеж зелен магдонос, сок од 1 лимон и 300 мл чиста вода.
ПОСТАПКА: Цвеклото се лупи и се сечка на ситни коцки. Морковите се лупат, потоа им се пресекуваат краевите, па се сечат на кругови.
Ѓумбирот се чисти од лушпата, па се сечка на помали парчиња, додека магдоносот добро се мие и се користат само листовите.
Исцедете го сокот од лимон и настрана подгответе си 300 мл чиста вода. Сите состојки се ставаат во блендер, почнувајќи од цвеклото, па потоа морковите, лимоновиот сок, водата, ѓумбирот и на крај се додава магдоносот.
Во зависност од јачината на блендерот, потребно е да го блендирате сокот 2-3 минути. Со помош на цедалка се цеди течноста од сокот.
Како се применува: Се пијат три денови по ред, по 2 чаши на ден. Првата чаша се пие наутро на празен стомак, а втората чаша се пие навечер пред спиење. Од оваа количина излегува 450 мл сок, што е доволно за 1 ден.
Следниот ден се подготвува нова, свежа количина. Остатокот од сокот кој е наменет да се испие навечер, се чува во фрижидер. Комбинирано се пие и чај приготвен од неколку билки:
МЕШАВИНА ОД БИЛКИ: 60 г нане (метвица, мента), 50 г коњско опавче (преслица), 40 г ајдучка трева, 30 г маточина, 20 г кора од храст, 20 г тегавец и 10 г пелин.
Сите состојки добро се мешаат. На еден литар ладна вода се ставаат четири супени лажици од мешавината.
Добро се промешува, се поклопува и се остава преку цела ноќ. Наутро се става на оган. Кога ќе зоврие се исклучува ринглата и се остава поклопено уште 10 минути. Се процедува и во текот на денот се пие целата количина.
Постапката се повторува секој ден додека да се потроши целата количина, по што се прави пауза од една седмица, по што се повторува уште еднаш. Деталите од целата постапка за првиот рецепт, може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.