Главоболката може да биде примарна или секундарна, а сигнализира голем број болести, па лекарите предупредуваат секогаш да појде на преглед и да се направи лабораторија, зашто понекогаш може да биде симптом на дијабетес.
Главоболката после јадење може да укажува на дијабетес, алергии на храна и реакции на разни токсични материи. Кога зад овој симптом стои шеќерна болест и други проблеми поврзани со работата на панкреасот, тогаш доаѓа до нарушување на лачењето на инсулин за време на оброците, се јавува хипергликемија или хипогликемија.
„Ова води до енергетско „изгладнување“ на мозокот, што тој тоа го манифестира со главоболка“, објаснуваат ендокринолозите. Според лекарите, причина за болка може да биде и составот на храната.
„Главоболките можат да настанат поради алергиски реакции на одредена храна. Исто така, мозокот може да реагира со болка на зголемување на токсичните материи во крвта, кои денес се наоѓаат во зголемени количини во храната“, велат лекарите.
Покрај овој симптом, постојат и други навидум безопасни знаци кои можат да укажуваат на дијабетес, како што се слабост во рацете и нозете, екстремна жед и друго.
Дијабетесот се смета за едно од најчестите ендокринолошки заболувања во современиот живот. Како што болеста напредува, се случуваат неповратни промени во органите на пациентот, а најчесто се засегнати васкуларниот и нервниот систем, бубрезите, како и ретината. Со текот на времето, дијабетесот може да го оштети срцето, крвните садови, бубрезите, видот и нервите.
Еве ги најчестите последици од дијабетесот:
Возрасните со дијабетес имаат два до три пати поголем ризик од срцев удар и мозочен удар. Во комбинација со намален проток на крв и невропатија (оштетување на нервите), ја зголемува веројатноста за улцерации, инфекции на стапалата и евентуалната потреба за ампyтација.
Дијабетичната ретинопатија е важна причина за слепило и се јавува како резултат на долгорочна акумулација на оштетување на малите крвни садови на мрежницата. Статистички гледано, 2,6 % од вкупниот број на слепило е резултат на дијабетес. Дијабетесот е една од водечките причини за откажување на бубрезите. Повеќе прочитајте ОВДЕ.