Ова е чудотворна кинеска масажа која треба да се спроведува секој ден. Го топи и најтврдокорното сало за 14 дена.
Салото на стомакот најтешко се топи, но со оваа техника тоа веќе не е нерешлив проблем.
Топењето на масните наслаги од стомакот навистина е макотрпен и процес кој бара посветеност и време. Секој кој го имал овој проблем, знае колку е тешко да се намали ова сало. Дури и со најстрогите диети и со вежбање, тоа понекогаш останува како гума залепено на ова место.
Познато е дека масажата може да ги релаксира мускулите и да ги затегне. Но, дали знаевте дека помага да се разгради салото?
Кинескиот метод прави чудо во овој случај. Постојат два вида на сало, односно масно ткиво: поткожно и висцерално.
Висцералното е многу поопасно, бидејќи тоа ги зафаќа внатрешните органи и го спречува нивното нормално функционирање. Оваа техника успешно ги елиминира вишокот и кај двата облици на масно ткиво.
Покрај фактот што масажата ја подобрува циркулацијата на крвта и ги топи масните наслаги, таа може да го ослободи телото од грчеви и да го забрза метаболизмот.
Поради неправилното држење и начинот на живот кој бара многу седење, стомачните мускули слабеат, па затоа оптеретувањето паѓа на ‘рбетот.
Со оваа масажа ќе ги зајакнете стомачните мускули, а тоа позитивно ќе се рефлектира и врз грбот, а воедно ќе го започнете разградувањето на мастите и ќе го забрзате метаболизмот.
Покрај тоа, ќе забележите и здравствено подобрување.
Масажата се изведува два часа после оброк, со движења од десна кон лева страна:
Легнете на стомак и со дланката поминувајте од лева кон десна страна околу една минута.
Потоа доаѓаат на ред кружните движења. Започнете од под градите, па продолжете со овие движења се до долниот дел на стомакот. Овие две движења ќе ја поттикнат работата на цревата и ќе влијаат врз намалување на гасовите и грчевите.
Последното и најважното е: Штипкање. Со прстите започнете да го “штипкате” стомакот, од десна кон лева страна околу 10 минути или повеќе.
Овој вид на движења го подобрува метаболизмот, ја забрзува циркулацијата, ги разградува масните наслаги и го зацврстува тонусот на кожата.
Доколку оваа масажа ја изведувате редовно, за две седмици веќе ќе можете да ги забележите првите резултати. Оваа техника е делотворна, но не е магична, велат докторите. Пожелно е да ја редуцирате храната, а исто така и поздраво да се храните. Повеќе стомачни масажи можете да погледнете во видеото: