За оние со многу густа и кадрава коса, веројатно им е познат кератинскиот третман за фризер за исправање на косата. Ако сте еден од оние кои едвај можат да издржат пет минути мирно седење на фризер, тогаш овој третман дефинитивно не е за вас, па најдобро е да ја испробате природната, верзија која можете да прочитате подолу.
ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ТРЕТМАНОТ НА ФРИЗЕР: Третманот на фризер може да трае два часа (можеби подолго, во зависност од типот на вашата коса). Започнува со темелно шампонирање, а потоа фризерот одвојува прамен по прамен на кој го нанесува кератинот (силно xемиско соединение поради кое ќе добиете очила за да се спречи иритација.
Потоа следи долг период на сушење, па се исправа со топлина за да може кератинот да се фиксира во косата. По третманот, мора да почекате најмалку 48 часа пред да ја измиете косата за да се осигурате дека третманот е правилно применет.
Исто така, треба да користите шампон и балсам без сулфат, бидејќи самиот сулфат создава пена и може многу побрзо да го измиете кератинот од вашата коса. Но, доколку сакате сето ова да го прескокнете и да користите целосно природен третман без никакви xемикалии, тогаш пригответе ја оваа смеса од природни состојки.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ДОМАШЕН КЕРАТИН: 2 супени лажици ленено семе, 200 мл вода, 1 мала лажичка масло за коса, 1 цела зрела банана. Од остатокот на лененото семе кое ќе ви остане од овој рецепт и малку банана може да направите и многу хранлива маска за лице.
ПОСТАПКА: Во едно мало тенџере ставете една чаша вода (200 мл) и додајте две супени лажици ленено семе. Ставете на оган и оставете да зоврие. Неколку пати промешајте и од моментот на зовривање намалете ја температурата на најниска (на 1).
Оставете да се вари 5 минути на тивко со повремено промешување за да не се залепи ленот на дното. Потоа тргнете на страна и оставете да се подизлади, па процедете го низ густа газа или тенок чорап. Добро истискајте за да излезе што повеќе од слузта.
Во посебен сад искршете една зрела банана и добро измиксајте ја со рачен миксер или со блендер. Ако ја пасирате бананата со виљушка, тогаш внимавајте да не ви остане ниту едно парченце кое би можело да се заглави во косата.
Во пирето од банана додајте го гелот од ленено семе и добро измиксајте за да се соединат во еднолична кашичка. Во оваа смеса додајте една лажичка арганово масло за коса, или чичково, оревово, кокосово или какво имате, па уште еднаш добро изматете.
Пред да го нанесете кератинот на косата потребно е косата добро да биде исчешлана. Нанесете на коренот/темето на главата и добро вмаcирајте, а потоа и на остатокот од косата. Оваа маска за коса може да ја користат и деца, бидејќи не е штетна.
После нанесување на маската, врзете ја косата во пунџа и оставете да делува еден час, а потоа исперете ја вообичаено. Доколку ја исправате косата со пегла, задолжително нанесете некаква заштита на косата од топлина. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.