Истражувањата потврдија дека осипот на раце, кој изгледа како ситни акнички или точки, често потекнува од проблеми со толеранција на глутен.

Повеќето луѓе некогаш имале проблем со ваков изглед на кожата. Осипот на рацете се појавува па исчезнува, а кај некого е постојано видлив. Почесто се јавува летно време.

Без разлика дали оваа појава е постојано присутна или се јавува повремено, еве неколку информации кои би можеле да ви помогнат да сфатите за некои од причините за ваквите појави на кожата, за да можете да реагирате на вистинскиот начин.

Истражувањата потврдија дека осипот на раце, кој изгледа како ситни акнички или точки, често потекнува од проблеми со толеранција на глутен. Да, акните исто така можат да бидат алергиска реакција. Инаку, од глутенска ентеропатија, почесто патат жените отколку мажите. Станува збор за автоимуно заболување, кое се држи под контрола со строг режим на исхрана, што подразбира дисциплина.

Понатаму, овој проблем со кожата може да биде кератосис пиларис, или кај народот познат како “гускина кожа”. Проблем се јавува поради вишок кератин во кожата, кој се акумулира во фоликулата на влакното формирајќи чепови, поради кои кожата потсетува на шмиргла, односно на гускина кожа.

Можете да се обратите на дерматолог или да пробате различни природни рецепти на база на кокосово или маслиново масло, овес и павлака.

Доколку се сомневате на целијакија и ги имате истите симптоми како што се:

-непријатност и болка во стомакот
-хронична мигрена
-анемија
-умор
-крв во столица
-повраќање

Многу е важно да се јавите на лекар поради понатамошни анализи. Нека не ве плаши веднаш изгледот на кожата од вашите раце, меѓутоа доколку имате некои од наведените симптоми, изгледот на кожата може да биде само уште еден индикатор за алергија.

Во овој случај, проблемот ќе го решите со консултација на вашиот лекар. Кога алергијата на глутен ќе ја држите под контрола, кожата повторно ќе стане здрава и мазна.

Тоа значи дека доколку боледувате од целијакија, ќе мора да се откажете од многу намирници, главно речиси сите што ги сакате и кои сте ги јаделе целиот живот. Меѓутоа, кога станува збор за здравјето, нема преговори. Ако не се лекува, целијакијата може да предизвика различни здравствени проблеми.