Ако имате овесни снегулки направете го овој здрав и посен колач за 15 минути…Толку е вкусен што не можам да престанам да го јадам…

Неодамна го подготви маж ми и се фатив сдебеси како постојано го отворам фрижидерот и си кршам од колачо парче, по парче…Го обожавам вкусот на кикирики, па веројатно затоа не можам да му одолеам.

Сопругот користеше кокосово масло за глазурата, но јас употребувам обично масло од сончоглед, зашто ми е полесно за употреба. Еве што ви е подобро:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г овесни снегулки
500 г путер од кикирки
140 г мед

За глазура:
150 г чоколадо за готвење
4 лажици масло

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги сите наведени состојки додека да се изедначат. Смесата сипете ја во калап 20х20 см, рамномерно распоредете ја и израмнете.

2.Чоколадото искршено на коцки помешајте го со маслото и растопете го во микробранова печка. Разлијте го врз колачот. Оставете го во фрижидер преку ноќ.

Пред сечење колачот оставете го 10 минути на собна температура. Постапката погледнете ја ОВДЕ.