Во последно време, ситните непечени колачи се едни од најпребаруваните бидејќи не одземаат многу време. Домаќинките ги обожаваат бидејќи се практични.нОвие ситни колачиња, големи колку еден залак се приготвуваат неверојатно брзо, а изгледаат толку многу декоративно, како да се од најскапата слаткарница.
Може да се приготвуваат во секое време и нема потреба од вклучување на рерната. Во продолжение прочитајте го новиот рецепт за ситни чоколадни залачиња, а во продолжение прочитајте уште еден многу сличен рецепт како за колачињата, но поголем, речиси како торта. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 240 мл (1 чаша) млеко, 3 лажици какао во прав, 200 г (1 чаша) шеќер, 60 г (½ чаша) пченкарен скроб, ½ лажиче (10 г) путер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 банани, 2 јајца, 4 големи лажици какао, 1/2 лажичка прашок за печиво. ЗА ГЛАЗУРА: 50 г чоколадо, 45 мл млеко, 15 г путер/маргарин.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во чаша измерете 1 чаша млеко и веднаш сипете ја во нелепливо тавче или помало тенџере. Вклучете ја ринглата да се загрева на ниска температура, па кога млекото ќе се замлачи, додајте 3 лажици незасладено какао. Со жица-маталка измешајте ги состојките додека млекото да стане кафеаво и да нема грутчиња.
Мешајте константно, па кога млекото ќе биде топло додајте 1 чаша шеќер. Измешајте додека шеќерот да се растопи. Топлото млеко ќе го стопи шеќерот за кратко време. Потоа, додајте половина чаша скроб. Измешајте го додека целосно да се апсорбира во смесата.
Доколку млекото се загрева брзо, тргнете го тавчето или тенџерето од оган, измешајте ги сувите состојки, па потоа вратете на рингла, на ниска температура. Гответе со константно мешање. Кога млекото ќе зоврие, во смесата се додава ситно сечканиот путер. Се промешува додека сѐ да се растопи.
Потоа, се преминува да се меша со шпатула. Смесата ќе почне да згуснува. Додајте прстофат сол за да се интензивира вкусот на останатите состојки. Мешајте додека целата смеса добро да се згусне и да се прилепи како пластелин. Смесата треба да изгледа како што е прикажано на сликата подолу.
Вака подготвената смеса се излева во мал долгнавест калап, обложен со хартија за печење. Се израмнува и се остава во фрижидер додека добро да се стегне. По изминатото време, стегнатиот колач пренесете го на кујнска даска, извадете ја хартијата за печење и исечете го на коцки со големина на залачиња. Потоа, коцките се обложуваат со какао и веднаш се послужуваат. Деталите за рецептот погледнете ги ОВДЕ.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Бананите исечкајте ги на помали кругови и ставете ги во блендер заедно со 2 јајца, 4 големи лажици какао и 1/2 лажичка прашок за печиво. Изблендирајте ја смесата еднолично без остатоци од бананата, целата смеса треба да биде течна.
По блендирањето, излејте ја смесата во лимен или друг калап за печење со пречник од 14 см. Колачот може да го печете во микровална печка или во рерна. Доколку го печете во микробранова печка, тогаш печењето е од 5 до 8 минути, а во рерна е малку подолго од 10 до 12 минути.
Во меѓувреме подгответе ја глазурата: измешајте го чоколадото, млекото и путерот во тенџере додека да се растопат, а потоа излејте врз печениот колач. Многу е вкусен и веднаш се изедува. По вкус во смесата за кората може да додадете ситно сечкани ореви или во глазурата, а колачот одлично се комбинира и со црвено бобесто овошје. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.