Рецепт на Енфес. Преубави и превкусни лепињи / пишии кои се подготвуваат за час, без капка масло. Верувајте повкусни од овие не сте пробале. А пак тестото се замесува само од 3 состојки кои постојано ги имате дома.




Може да ги правите и посни, наместо премачкување со путер, да ги премачкате со обично масло. На двата начина се превкусни. Состојките со сигурност ги имате дома, а постапката нема да ви одземе многу време.




Од оваа количина излегуваат 7 лепињи, но слободно дуплирајте ја доколку сакате да направите повеќе. Се комбинираат и во слатка и солена варијанта, а ние најмногу ги јадеме солени. Понекогаш ги јадеме со тоа што ќе најдам во фрижидерот, но убаво се комбинираат и со мелено месо..




Потребни состојки: 300 мл вода, 1 мала лажичка сол, 480 г брашно или 4 чаши, 160 г растопен путер.

Постапка: Во подлабок сад додајте 300 мл вода на собна температура. Потоа додајте една мала лажичка сол (8 г) и мешајте се додека солта да се раствори во водата. Додајте половина брашното и повторно промешајте.




По добро промешување, додајте ја и втората половина и повторно соединете се. Откога ќе се формира тесто, потребно е да го замесите со раце. Месете се додека да биде меко и нелепливо под прсти.




По добро замесување, вратете го во садот и поклопете со фолија и оставете да одмори 10 минути. По 10 минути, префрлете го тестото на набрашнета површина, замесете го уште малку и направете подолга елипсовидна форма како пастрмајлија.




Од неа пресечете 7 еднакви делови и формирајте топче од секое од нив. Повторно оставете ги на набрашнета површина да отстојат уште неколку минути. По изминатото време, земете едно топче, набрашнете го како и просторот околу него и развлечете го со оклагија.




Развлечете колку повеќе можете. Со помош на оклагијата, сролајте го тестото околу неа, а потоа испуштете го на површината, како што е прикажано во видеото подолу. Потребно е да добиете големо тесто и да биде многу тенко, до степен да ви се проѕира раката низ тестото.




Растопете го путерот, а потоа премачкајте го тестото одогзгора со неколку капки, а потоа со кујнска четка, размачкајте низ целото тесто. Започнете да го ролате тестото од едната страна додека да се направи како ролат, а потоа долгата лента од тесто завиткајте ја меѓу себе.




Повторете ја и постапката и со останатите топчиња. Откога ќе ги подготвите сите топчиња, земете го првото кое што го замесивте, ставете го на набрашнета површина и развлечете го до големина на палачинка или дијаметарот на вашето тавче.




Откога ќе ги развлечете сите топчиња, печете ги на најсилен оган во загреано нелепливо тавче, без масло. Се пржат од двете страни додека да заруменат. Деталите од целата постапка, погледнете ги во видеото ОВДЕ.