Направете домашен, природен крем за подмладување и осветлување на кожата од лицето…Се смета за еликсир на младоста! Ја затегнува кожата и веднаш ги измазнува брчките околу очите, челото и вратот.
Не пропуштајте ја можноста да го почувствувате вистинскиот мирис на природата и да ги доживеете подмладувачките ефекти на природните маски за лице против стареење. Магдоносот го стимулира производството на колаген во кожата. Ги отстранува темните дамки и пеги, како и пигментацијата.
Рецепт и состојки:
Измијте 1/2 китка магдонос темелно со сода бикарбона и исплакнете. Ситно исечете го магдоносот заедно со дршките. Прелијте го со 250 мл дестилирана вода и ставете го тенџерето на тивок оган.
Штом зоврие намалете ја температурата и оставете уште кратко време да се вари, а штом водата целосно се обои, изгасете го шпоретот. Оставете да се олади, па со рачен блендер измиксајте ја целата содржина, а потоа процедете ја.
Додајте 1 преполна лажица пченкарен скроб/нишесте. Добро измешајте и ставете на тивок оган. Продолжете да мешате додека да добиете кремаста смеса. Истурете ја смесата во сад и оставете малку да се излади.
Додајте 1 лажица масло од сладок бадем, 12-14 капки масло од витамин Е и 2 лажици алое гел. Добро измешајте. Складирајте во соодветен сад и чувајте во фрижидер. Направете тест за алергија пред употреба! Нанесете на мала површина од внатрешната страна на раката и почекајте 30 минути.
УПОТРЕБА: Овој крем може да се користи и за нежни области како што е кожата околу очите и устата. Се нанесува на листа и сува кожа со лесни движења на масажа додека да се апсорбира.
Оставете да делува половина час, а потоа исплакнете со млака вода. Се повторува трипати неделно. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.