Ако имате литар млеко и грст овошје направете брз и многу вкусен десерт кој е толку кремаст и освежителен што веднаш го јадеме со лажица…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За основа:
250 г бисквити (мелена плазма),
100 г путер

За жолт фил:
1 литар млеко,
2 кесички пудинг со вкус на ванила (80 г),
6 лажици шеќер (или по вкус),

За овошен фил:
300 г јагоди (може и друго бобесто овошје),
500 мл вода,
1 пудинг со вкус на јагода (40 г),
4 лажици шеќер

ПОСТАПКА (за калап 15х20 см):

1.На ниска температура растопете го путерот и помешајте го со мелените биксвити, па смесата натапкајте ја на дното од калапот.

2.Во тенџере помешајте млеко, пудинг и шеќер и варете со непрекинато мешање додека да згусне. Веднаш сипете врз подлогата.

3.Во посебен сад зовријте ја водата со шеќерот и разматениот пудинг и мешајте додека да згусне.

Сипете врз жолтиот фил, а одозгора сипете го сечканото овошје. оставете да се олади пред послужување.