Ако имате лиснато тесто и јаболка, направете вкусен десерт за само 10 минути, одличен за секој ден…
Во фрижидерот секогаш имам готово лиснато тесто и секојпат кога ќе ни се пријаде нешто слатко и вкусно, рендам 2 јаболка и го правам овој десерт. Сите го сакаме за со кафе или чај, а и гостите се воодушевени…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г готово лиснато тесто
2 јаболка
20 г шеќер
5 г цимет
1 жолчка за премачкување
ПОСТАПКА:
Во ренданите јаболка додајте шеќер и цимет. Филот распоредете го врз отвореното тесто, па свиткајте ролат. Исечете го на парчиња и наредете ги во плех обложен со хартија.
Премачкјате со жолчка и печете 30-40 минути во загреана рерна на 180 степени. Кога ќе подизладат посипете ги со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ: